Свет
Франција се противи на учеството на НАТО во операциите против Либија
Франција продолжува да се противи на евентуални операции на НАТО во Либија, нагласувајќи дека Алијансата не донела политичка одлука за воена интервенција, рече портпаролот на тамошното министерство за надворешни Бернар Валеро.
Франција продолжува да се противи на евентуални операции на НАТО во Либија, нагласувајќи дека Алијансата не донела политичка одлука за воена интервенција, рече портпаролот на тамошното министерство за надворешни Бернар Валеро.„Секогаш говоревме дека инволвирањето на НАТО во внатрешните работи на арапските земји би било несоодветно во овој контекст. Алијансата досега не донесе политичка одлука за ова прашање, а ако биде донесена, позицијата на Франција ви е позната“, изјави на прес-конференција во Париз, портпаролот на француското министерство Бернар Валеро поранешен амбасадор на Франција во Македонија.Како уште еден параметар за ова, според Валеро, е тоа што со синоќешната резолуција на Советот за безбедност при Обединетите Нации не се дозволуваат копнени операции во Либија. Париз, исто така, инсистира на тоа дека какво и да е решение не смее да биде преземено без согласност на Арапската лига.Советот за безбедност во текот на ноќта во петокот најави формирање зона на забранети летови над Либија за да се спречат воздушните напади на либиската воена авијација врз упориштата на востаниците и убивањето недолжни цивили. Во петокот наутро портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску соопшти дека Алијансата е подготвена да учествува во меѓународна операција против Либија./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.