Свет
Либиските војници биле нападнати од бунтовниците во Бенгази?!

Главното упориште на либиските бунтовници од изутринава е под силен артилериски оган, а борците биле присилени да се повлечат од предградијата кон центарот, јавуваат странските медиуми
Главното упориште на либиските бунтовници од изутринава е под силен артилериски оган, а борците биле присилени да се повлечат од предградијата кон центарот, јавуваат странските медиумиДописникот на Al Jazeera јавува дека бунтовниците почнале да поставуваат бетонски препреки пред нивниот главен штаб. Нивните информации велат дека либиската авијација го бомбардирала аеродромот и пристаништето во Бенгази, како и дека бунтовниците успеале да срушат еден борбен авион. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето. Официјалната либиска агенција DJAN во саботата, цитирајќи воени извори, јави дека Вооружените сили на Либија биле нападнати од бунтовниците во близина на градот Бенгази во источниот дел на земјата. Според агенцијата, хеликоптери и борбени авиони на бунтовниците ги нападнале позициите на либиската армија. „Ова е флагрантно кршење на забраната за летови наметнати од страна на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението.Според либиската државна агенција, либискиот вооружени сили биле принудени да одговорат на напаѓачите. Агенцијата не го наведува бројот на жртвите на двете страни. Претходно во саботата, заменик-министерот за надворешни работи на Либија, Калед Каи изјави дека распоредувањето на либиската армија во близина на градот Бенгази кое е главното упориште на бунтовниците, не го прекршува едностраното примирје прогласено од страна на властите на земјата и дека единиците не се подготвуваат да го заземат градот. Властите, исто така, соопштија дека разоружувањето на бунтовниците коишто моментално го контролираат Бенгази, ќе им биде доверено на посебните антитерористички единици. Во самиот град Бенгази, според извештаите на странските медиуми, во саботата одекнуваат експлозии. Катарската сателитска телевизија Al Jazeera јави, меѓу другото, дека силите под контрола на либискиот лидер Моамер el-Гадафи, го гранатирале западното предградие на Бенгази. Претходно во петокот владата на Либија најави прекин на сите воени операции против бунтовниците во врска со усвојувањето на резолуцијата на ОН. Триполи ги негираше извештаите во врска со бомбардирањето на либискиот градови. Покрај тоа, либиските власти поканија набљудувачи од Турција, Грција и Малта за да го следат прекинот на огнот. Резолуцијата усвоена во четвртокот во Советот за безбедност, предвидува затворање на воздушниот простор над Либија за да се прекинат воздушните напади врз бунтовничките сили и да се избегнат цивилни жртви. Одлуката на Советот за безбедност наложува забрана за летање на либиските авиони, а предвидува и eевентуалната воена акција, но без употреба на копнените сили. Од 15-ти февруари во Либија започнаа протести кои во источните делови од земјата прераснаа во народно востание против власта на Гадафи, кој управува со земјата 42 години. Либиската авијација секојдневно ги бомбардира позициите на бунтовниците во источниот дел на земјата и градовите во кои тие ја преземаа контролата во западниот дел на Либија. Либиските власти тврдат дека се борат против групи кои се поддржани од глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, чии високи претставници пред извесно време повикаа на соборување на режимот на Гадафи./крај/ро/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин и Макрон разговараа по телефон по три години

Рускиот претседател, Владимир Путин разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за војната во Украина, соопшти денес Кремљ. Се работи за прв телефонски разговор меѓу двајцата лидери од 2022 година.
Во соопштението се наведува дека Путин, коментирајќи ја ситуацијата во Украина, оценил дека сегашниот конфликт е директна последица на политиките на западните земји кои со години ги игнорираа безбедносните интереси на Русија, а сега водат политика на продолжување на непријателствата.
Рускиот претседател ги потврди основните пристапи кон можните мировни договори за Украина, се додава во соопштението, тврдејќи дека договорот треба да биде сеопфатен и долгорочен, да обезбеди отстранување на коренските причини за украинската криза и да се базира на нови територијални реалности.
Двајцата лидери разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток во контекст на конфликтот меѓу Иран и Израел и нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран. Тие ја нагласија посебната одговорност на Русија и Франција како постојани членки на Советот за безбедност на ООН во зачувувањето на мирот и безбедноста и одржувањето на глобалниот режим за неширење на нуклеарно оружје.
„Во овој контекст, важноста од почитување на легитимното право на Техеран да развива мирна нуклеарна енергија и да продолжи да ги исполнува своите обврски според Договорот за неширење на нуклеарно оружје, вклучително и соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, се додава во соопштението.
Путин и Макрон се залагаа за решавање на прашањето за иранската нуклеарна програма и другите регионални прашања исклучиво преку политички и дипломатски средства, а беше нагласено дека претседателите се согласиле да продолжат со контактите. „Разговорот меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон беше значаен“, се заклучува во соопштението.
Ова е првиот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели по повеќе од две години, а последниот познат контакт се одржа во септември 2022 година.
Свет
Тесно изгласан „големиот, прекрасен закон“ на Трамп за даноците и трошењето

Сенатот на САД го изгласа законот за даноци и владини трошоци на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повеќе од 24 часа преговори.
Гласањето заврши со нерешен резултат 50-50, при што потпретседателот Џ.Д. Венс во просторијата го даде одлучувачкиот глас. Републиканците Том Тилис, Ранд Пол и Сузан Колинс гласаа против законот, заедно со сите демократи.
Таканаречениот Голем прекрасен закон, кој ги спроведува многу од клучните политички цели на Трамп, а воедно го зголемува националниот долг за 3,3 трилиони долари, сега се враќа во Претставничкиот дом за конечно одобрување.
Трамп претходно навести дека можеби ќе биде флексибилен во врска со рокот од 4 јули.
Поради законот, избувна пресметка меѓу недамнешните сојузници, претседателот Доналд Трамп и милијардерот кој ја водеше канцеларијата за ефикасност на владата, Елон Маск. Денес, таа конфронтација повторно се разгоре.
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече усвојувањето на неговиот закон за даноци и владини трошоци во Сенатот „музика за неговите уши“.
За време на дискусијата на тркалезна маса во новоотворениот, многу контроверзен центар за притвор на мигранти во Флорида, кој е наречен „Алигатор Алкатраз“ поради неговите услови и локација, еден новинар го информираше Трамп дека Сенатот штотуку го усвоил законот.
„Ви благодарам, вау. Ви благодарам, чекав, слушајќи ги овие прекрасни зборови што се музика за моите уши, но ме интересираше и како стоиме. Тоа покажува колку ве ценам затоа што сум тука со вас, а веројатно треба да бидам таму“, одговори Трамп.
Трамп, исто така, го пофали својот потпретседател Џ.Д. Венс, кој го даде одлучувачкиот глас во Сенатот.
„Тој добро си ја врши работата“, рече Трамп.
Кога беше прашан што им кажува на републиканските членови на Претставничкиот дом кои не беа задоволни од промените во законодавството усвоени од Сенатот, Трамп рече:
„Тоа ви кажува дека има по нешто за секого… Тоа е одличен закон. Има по нешто за секого и мислам дека ќе помине многу непречено во Претставничкиот дом. Всушност, мислам дека ќе биде полесно таму отколку во Сенатот.“
Свет
Трамп го навреди фаворитот за градоначалник на Њујорк: „Тој е лудак“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес остро го критикуваше кандидатот за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „целосен лудак“, објави Анадолија.
„Искрено, слушнав дека е тотален лудак“, им рече Трамп на новинарите.
„Мислам дека луѓето од Њујорк се луди што гласаат така. Мислам дека се луди. За прв пат ќе имаме комунист, вистински, чист комунист. Тој сака продавници, стоковни куќи. А што е со луѓето што работат таму? Мислам дека е лудо.“
Мамдани го победи поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, на демократските прелиминарни избори минатата недела, позиционирајќи се себеси како првиот муслимански градоначалник на Њујорк.
Кандидатот на демократите е познат како отворен поддржувач на Палестина и критичар на Израел. Тој е ко-основач на огранокот Студенти за правда во Палестина на колеџот Боудоин, а во 2023 година учествуваше во штрајк со глад пред Белата куќа барајќи прекин на огнот во Појасот Газа.
Трамп го повтори своето тврдење дека Мамдани бил комунист. „Мислам дека е ужасен. Тој е комунист. Последното нешто што ни треба е комунист. Реков дека никогаш нема да има социјализам во Соединетите Држави“, рече тој.
„Мислам дека е лоша вест и мислам дека ќе се забавувам многу со него, гледајќи го, бидејќи мора да дојде тука за своите пари. Не грижете се, нема да се извлече.“