Контакт

Свет

Почина поранешниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер

Објавено пред

Поранешниот американски државен секретар Ворен Кристофер, кој имаше голема улога во постигнувањето на мир во Босна и Херцеговина и при преговарањето за ослободување на американските заложници во Иран, починал во петокот навечер во 85-та година од животот.

Поранешниот американски државен секретар Ворен Кристофер, кој имаше голема улога во постигнувањето на мир во Босна и Херцеговина и при преговарањето за ослободување на американските заложници во Иран, починал во петокот навечер во 85-та година од животот.Како што пренесе CNN во саботата наутро, повикувајќи се на телевизиската станица KABC од Лос Анџелес која информацијата ја јави во петокот во последните вести, Ворен Кристофер починал од компликации предизвикани од канцерот на бубрезите.Кристофер беше државен секретар во администрацијата на демократскиот претседател Вил Клинтон, во периодот од 1993 до 1997 г.Како водечки американски дипломат во тој период, Ворен Кристофер, беше познат во јавноста како „преговарачот од сенка“, а заради неговиот ненаметлив стил честопати го нарекуваа и „невидливиот“ државен секретар.Во 1995 г. во сојузната држава Охајо, во базата близу градот Дејтон, Кристофер во соработка со својот помошник Ричард Холбрук кој почина пред крајот на минатата година, ги водеше мировните преговори меѓу српскиот лидер Слободан Милошевиќ, хрватскиот Фрањо Туѓман и босанскохерцеговскиот Алија Изетбеговиќ, кои во ноември 1995 г. доведоа до потпишување на Дејтонскиот мировен договор со кој беше завршена војната во Босна и Херцеговина.Ворен Кристофер е роден во Скрантон во Северна Дакота на 27. Октомври 1925 г.. во 1945 г. дипломирал на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Од 1943 до 1946 г. бил припадник на резервниот состав на американската воена морнарица. Во 1949 г. докторирал на право на Станфорд. Потоа работел во правобранителството и државното обвинителство на САД,  а од 1977 до 1981 г. е заменик на државниот секретар кога и ги води преговорите за ослободување на 52-цата американски државјани  држени во заложништво во Иран.Исто така, Кристофер го водеше процесот на нормализација на односите меѓу САД и Кина, помагаше при ратификацијата на договорот за користење на Панамскиот канал и ја водеше првата меѓуресорна група за човекови права во САД.Во 1981 г. претседателот Џими Картер го одликуваше Кристофер со Медалот на слободата, највисокото американско цивилно одликување. /крај/хина/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Фајзер“: Можеби ќе биде потребна трета доза, ќе мора да се вакцинираме секоја година

Објавено пред

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина против Ковид-19 може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од новите варијанти на коронавирусот.

„Веруваме дека третата доза ќе го зајакне имунолошкиот одговор за 10 до 20 пати“, рече Бурла.

Новото истражување ќе ја следи безбедноста и ефикасноста на третата доза кај две возрасни групи. Луѓето од 18 до 55 години ќе учествуваат во едната група, а луѓето од 65 до 85 година во другата група. Тие исто така учествуваа во првичното клиничко испитување на „Фајзер“.

За време на оваа студија, учесниците добија две дози од вакцината во растојание од три недели. Истиот интервал на дозата е оној што моментално се препорачува.

Единечната доза вакцина на „Фајзер“ и “Бионтек“ против коронавирус го намалува бројот на асимптоматски инфекции и може значително да го намали ризикот од пренесување на вирусот, покажаа резултатите од британското истражување.

„Фајзер“ исто така планира да започне со тестирање за да утврди дали модифицираната верзија на вакцината дејствува против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што мутира коронавирусот, така и вакцините ќе мора да се менуваат.

Истото се случува и со грипот, кој се менува од година во година, затоа вакцините против грип постојано се подобруваат за да бидат ефективни.

„Секоја година треба да се вакцинирате против грип, така ќе биде и со ковидот. За една година, ќе мора да отидете да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година“, рече Бурла.

Неговите изјави сугерираат дека Ковид-19 ќе остане меѓу нас дури и кога ќе заврши пандемијата. Покрај тоа, ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди кога е најдобро време за повторно вакцинирање против коронавирус, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Прикажи повеќе...

Регион

Јанша: Апсурдни се обвинувањата дека ja загрозуваме слободата на медиумите

Објавено пред

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја повика Европската комисија да испрати работна група во неговата земја за да ја утврди вистинската состојба во Словенија во областа на демократијата и владеењето на правото, независноста на судството, слободата и медиумскиот плурализам и да се увери дека обвинувањата против неговата владата се апсурдни.

Тој во писмото до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, напиша дека групата на тој начин ќе има увид во државата на демократијата, владеењето на правото и медиумскиот плурализам, нагласувајќи дека Словенија има проблеми со оние делови од демократијата што се поврзани со недовршената транзиција во Словенија, пренесува порталот 24УР.

Јанша се одлучи за писмото откако постапките на неговата влада беа критикувани од повеќе меѓународни организации, но и откако вербално се судри со новинарка од порталот Политико, која пишуваше за позицијата на новинарите во Словенија.

Во писмото Јанша наведува дека слична ситуација се случила пред 2008 година, кога Словенија за првпат претседаваше со Советот на ЕУ и кога 571 словенечки новинар и уредник и пишаа на ЕУ, наведувајќи дека претседателството на Словенија претставува опасност за Унијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна

Објавено пред

Водечкиот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи изјави дека треба да се прими каква било вакцина против коронавирус што е достапна, без оглед за која станува збор.

Тој за телевизијата „Ен-би-ес“ изјави дека фактот дека и трета вакцина против Ковид-19 ќе биде достапна во САД е само добра вест и дека ќе помогне во контролата на пандемијата. Регулаторното тело на САД вчера објави дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, обезбедува силна заштита од тешката форма на Ковид-19.Се очекува наскоро Американската администрација за лекови (ФДА) да ја одобри.

Фаучи ги предупреди луѓето да не го одолговлекуваат примањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за да чекаат да ја добијат малку поефикасните вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“. Тој рече дека тоа е трка помеѓу вирусот и давањето вакцина на луѓето и дека колку подолго чекате со вакцинацијата, толку е поголема можноста вирусот да развие нова варијанта или мутација.

Американскиот експерт рече дека службениците во јавното здравство се загрижени поради мутациите на вирусот и ја потенцираше важноста од спроведување мерки како што се носење маски и социјално дистанцирање. Најчестиот мутиран вид на коронавирус што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат јасно да го сузбијат тој вид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија1 час

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија2 часа

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа3 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет3 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет4 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет5 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија5 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет16 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија19 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија21 час

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија1 ден

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа1 ден

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Досие