Свет
„Шпигел" објави компромитирачки фотографии од американски војници во Авганистан
Германскиот магазин “Шпигел“ (Spiegel) во понеделникот објави фотографии на кои се прикажани припадници на американската армија во Авганистан крај убиени од нив луѓе.
Германскиот магазин “Шпигел“ (Spiegel) во понеделникот објави фотографии на кои се прикажани припадници на американската армија во Авганистан крај убиени од нив луѓе. На две од трите фотографии се прикажани по еден насмеан војник на американската армија кој за коса држи тело на човек спружен на земјаСАД веќе издадоа официјално извинување „ за направената штета“. „Овие фотографии се силно спротивни на дисциплината, професионализмот и почитта кои ја карактеризираат нашата армија во речиси десетте години служба во Авганистан“, ги цитира Spiegel зборовите на претставник на армијата САД, чие име не е се наведува. Според него, станува збор за цела група американски војници. Наскоро тие ќе бидат обвинет за сторено серија убиства. „Повеќе од јасно е дека одлуката за случајот ќе ја преземе воениот суд“, рекол изворот Американската државна секретарка Хилари Клинтон во понеделникот остварила телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Авганистан, Залмај Расул. Како што забележува весникот, САД стравуваат дека објавените фотографии ќе предизвикаат бран жестоки протести во Авганистан. Не се исклучува и усложнување на и онака обременетите односи меѓу Авганистан и НАТО. Во моментов, Вашингтон и Кабул се во преговори за сместување во Авганистан постојани американски воени бази./крај/спи/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

