Свет
Илјадници бегалци ја напуштаат источна Либија

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), соопшти дека повеќе илјади либијци ги напуштиле своите домови на истокот на земјата.
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), соопшти дека повеќе илјади либијци ги напуштиле своите домови на истокот на земјата.„Персоналот на УНХЦР на границата со Египет дозна од пристигнатите бeгaлци дека повеќе илјади луѓе се раселени во источниот дел на земјата, и дека тие се засолнуваат во школите и факултетите“, изјави Адријан Едвардс, портпаролот на Високиот комесар на ОН. Тој дополни дека бегалците на границата со Египет рекле дека ги напуштаа своите домови поради страв од одмазда и нападите на противвладините сили. Голем број на бегалци минатата седмица биле забележани во Тобрук, Дерна и Аџабија. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во услови на напори за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот.
Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД потпишале договор со Кина во средата, без да даде дополнителни детали, и дека може да се постигне посебен договор за „отворање“ на Индија. За време на разговорите во Женева во мај, Кина вети дека ќе ги отстрани нетарифните контрамерки наметнати на САД на 2 април, иако не беше јасно како ќе се укинат некои од тие мерки.
Како дел од својата одмазда против новите американски царини, Кина го суспендираше извозот на широк спектар на критични минерали и магнети, нарушувајќи ги синџирите на снабдување од витално значење за производителите на автомобили, полупроводниците, воздухопловната и воената индустрија.
„Американската администрација и Кина се согласија за дополнителен договор за рамката за спроведување на Женевскиот договор“, изјави синоќа функционер на Белата куќа за Ројтерс. Договорот е за тоа „како повторно да ја забрзаме испораката на ретки земни метали во САД“, рече тој.
Друг функционер на администрацијата изјавил дека договорот меѓу САД и Кина е постигнат претходно оваа недела.
„Тие ќе ни снабдат ретки земни метали и кога ќе го сторат тоа, ние ќе ги укинеме нашите контрамерки“, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник за Блумберг.
Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Иако договорот покажува потенцијален напредок по месеци трговска несигурност и прекини откако Трамп ја презеде функцијата во јануари, тој исто така го нагласува долгиот пат до конечен, дефинитивен трговски договор меѓу двата економски соперници.
Регион
Запалил спирала против комарци па ја изгорел куќата во близина на Загреб

Вчера наутро во близина на Загреб избувна пожар во куќа во сопственост на 57-годишен маж, соопшти загрепската полиција.
Истрагата утврди дека пожарот најверојатно избувнал поради пад на запалена спирала од комарци што била закачена на дрвен столб, од каде што пожарот се проширил на мебелот, кој бил целосно изгорен, на ѕидот од скалите и дел од покривот, се вели во полициското соопштение.
Пожарот бил изгаснат од пожарникари, а 43-годишен член на семејството бил полесно повреден и добил медицинска помош во Клиничката болница.
Свет
Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може да се приклучи на Европската Унија без поддршката на граѓаните на ЕУ, вклучително и Унгарците.
Сијарто рече дека украинското Министерство за надворешни работи вчера тврдело дека Унгарците немаат право да одлучуваат за кандидатурата на Украина за ЕУ, пренесува агенцијата МТИ.
Тој истакна дека не е во надлежност на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту на неговата влада, да одлучуваат за членството на Украина во ЕУ, туку граѓаните на ЕУ треба да одлучат. Додаде дека Унгарија не сака да учествува во пристапувањето кон ЕУ, „земја која носи закана од војна“, која ја загрозува „енергетската безбедност“ и некогаш „речиси донесе“ пропаст на унгарските земјоделци.
Сијарто рече дека Украина, иако бара поддршка од Унгарците, „систематски ги одзема малцинските права на унгарската заедница во Заткарпатија“ во последните десет години, пренесува Танјуг.