Свет
Сириската полиција уби шест луѓе

Сириските безбедносни сили во средата утрото убиле најмалку шест лица во напад врз џамија во градот Дера, во јужниот дел од земјата, јавува Ројтерс повикувајќи се на очевидци.
Сириските безбедносни сили во средата утрото убиле најмалку шест лица во напад врз џамија во градот Дера, во јужниот дел од земјата, јавува Ројтерс повикувајќи се на очевидци.Демонстрантите веќе шести ден по ред се собираат пред локалната Оаморва џамија, во стариот дел од градот. Пред неа противниците на владеењето на Бушар ал-Асад подигнаа камп од шатори и најавија дека нема да се откажат од протестите се’ додека не се исполнат нивните барања. Со денешното убиство на шесте демонстранти, бројот жртви во протестите во Сирија од нивниот почеток се зголеми на десет. Причините за нападот од страна на сириските полицајци засега не е познат. Овој напад се случи еден ден откако канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека сириските власти „итно треба да престанат со прекумерната употреба на сила против мирните демонстранти“.Сирија се наоѓа во постојана вонредна состојба откако во 1963 г. на власт дојде партијата Бат и донесе забрана за постоење на опозиција./крај./ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Јанша: Апсурдни се обвинувањата дека ja загрозуваме слободата на медиумите

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја повика Европската комисија да испрати работна група во неговата земја за да ја утврди вистинската состојба во Словенија во областа на демократијата и владеењето на правото, независноста на судството, слободата и медиумскиот плурализам и да се увери дека обвинувањата против неговата владата се апсурдни.
Тој во писмото до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, напиша дека групата на тој начин ќе има увид во државата на демократијата, владеењето на правото и медиумскиот плурализам, нагласувајќи дека Словенија има проблеми со оние делови од демократијата што се поврзани со недовршената транзиција во Словенија, пренесува порталот 24УР.
Јанша се одлучи за писмото откако постапките на неговата влада беа критикувани од повеќе меѓународни организации, но и откако вербално се судри со новинарка од порталот Политико, која пишуваше за позицијата на новинарите во Словенија.
Во писмото Јанша наведува дека слична ситуација се случила пред 2008 година, кога Словенија за првпат претседаваше со Советот на ЕУ и кога 571 словенечки новинар и уредник и пишаа на ЕУ, наведувајќи дека претседателството на Словенија претставува опасност за Унијата.
Свет
Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна

Водечкиот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи изјави дека треба да се прими каква било вакцина против коронавирус што е достапна, без оглед за која станува збор.
Тој за телевизијата „Ен-би-ес“ изјави дека фактот дека и трета вакцина против Ковид-19 ќе биде достапна во САД е само добра вест и дека ќе помогне во контролата на пандемијата. Регулаторното тело на САД вчера објави дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, обезбедува силна заштита од тешката форма на Ковид-19.Се очекува наскоро Американската администрација за лекови (ФДА) да ја одобри.
Фаучи ги предупреди луѓето да не го одолговлекуваат примањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за да чекаат да ја добијат малку поефикасните вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“. Тој рече дека тоа е трка помеѓу вирусот и давањето вакцина на луѓето и дека колку подолго чекате со вакцинацијата, толку е поголема можноста вирусот да развие нова варијанта или мутација.
Американскиот експерт рече дека службениците во јавното здравство се загрижени поради мутациите на вирусот и ја потенцираше важноста од спроведување мерки како што се носење маски и социјално дистанцирање. Најчестиот мутиран вид на коронавирус што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат јасно да го сузбијат тој вид.
Свет
Во Бразил регистрирани четврт милион починати од коронавирус

Бразил пријави 1.541 смртен случај од коронавирус во последните 24 часа, што е втор најголем дневен биланс на жртви откако оваа земја ја погоди пандемија пред една година, а вкупниот број на починатија ја надмина бројката од 250.000.
Бразилското Министерство за здравство објави 65.998 нови случаи на коронавирус забележани во четвртокот, така што оваа јужноамериканска земја досега има 10,4 милиони заразени, рангирајќи се на трето место зад САД и Индија, додека е втора според бројот на смртни случаи.
„Бразил се соочува со нова фаза на пандемија со трипати позаразни верзии на вирусот“, изјави министерот за здравство Едуардо Пазуело.
Тој рече дека Бразил обезбедил 13,5 милиони вакцини и дека владата планира да вакцинира половина од 210 милиони жители на земјата до средината на годинава.
Претседателот Жаир Болсонаро, екстремно десничарски популист, кој се спротивстави на мерките и рече дека нема да прими никаква вакцина против Ковид-19, е критикуван поради неговиот одговор на пандемијата и бавното воведување на вакцината.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер