Свет
Јапонија: 25 илјади загинати и исчезнати
Според најновиот биланс, 25.000 луѓе загинаа или се сметаат за исчезнати во земјотресот и цунамито кои на 11 март ја погодија Јапонија, соопшти полицијата.
Според најновиот биланс, 25.000 луѓе загинаа или се сметаат за исчезнати во земјотресот и цунамито кои на 11 март ја погодија Јапонија, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува дека 9.487 луѓе загинале, 15.617 се сметаат за исчезнати, а 2.755 се повредени. На 11 март земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија. Земјотресот предизвика цунами висок 10 метри. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

