Свет
Најмалку 60 загинати во земјотрес во Мианмар
Најмалку 60 лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала, го погоди источниот дел на Мианмар (поранешна Бурма).
Најмалку 60 лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала, го погоди источниот дел на Мианмар (поранешна Бурма). Најблиску до епицентарот на земјотресот, што бил почуствуван во цела Индокина, се градовите Тарлај, Мине Лин и Тахилек. Во овие градови урнати се 130 куќи или станбени згради, поради што се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Американскиот институт за геофизика објави дека епицентарот на земјотресот бил на границата помеѓу Тајланд и Лаос, на стотина километри од тајландскиот град Чаинг Раи, а потресот бил на длабочина од 10 километри. крај/афп/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

