Свет
Акциониот план на НАТО за Либија може да биде одобрен во текот на викендот
Конечниот план на командата на НАТО за воените операции во Либија би можел да биде одобрен овој викенд, изјавил за РИА Новости во петокот дипломатски извор во Брисел, близок на Алијансата.
Конечниот план на командата на НАТО за воените операции во Либија би можел да биде одобрен овој викенд, изјавил за РИА Новости во петокот дипломатски извор во Брисел, близок на Алијансата.„Оперативниот план, најверојатно, ќе биде конечно одобрен овој викенд“, изјавил дипломатот за руската новинска агенција. Како што претходно беше јавено, САД сакаат што е можно побрзо да се повлечат од операцијата што ја спроведуваат заеднички со Франција и Велика Британија, и да го предаде командувањето на НАТО. Земјите членки на НАТО по шестдневните интензивни преговори во четвртокот навечер постигнаа согласност за раководењето со обезбедувањето зона на забранети летови над територијата на Либија. „Сите сојузници се залагаат за исполнување на обврските во рамктие на резолуцијата на Обедиентите нации. Затоа решивме врз себе да ја превземеме одговорноста за зоната на забранети летови“, изјави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Како што беше објавено во четвртокот навечер според информации од дипломатски извори, НАТО следната седмица, во понеделник или вторник, ќе ја преземе командата на коалиционите операции во Либија. Постигнатиот компромис се состои во тоа што членките на НАТО кои не го поддржуваат бомбардирањето на Либија, од страв за загрозување на безбедноста на цивилното население ќе бидат ангажирани исклучиво во обезбедувањето на зоната на забранети летови над територијата на земјата, а другите сојузници ќе бидат вклучени во воздушните напади против силите на либискиот водач Моамер ел-Гадафи. Во средата, Советот на НАТО го одобри учеството на Алијансата во обезбедувањето на ембаргото за оружје за Либија. Се планира да се вклучат 16 воени бродови и подморници./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

