Свет
Руското Сколково ќе работи заеднички проекти со универзитетот Станфорд
Рускиот центар за висока технологија Сколково и американскиот Универзитет Станфорд се договорија да развиваат заеднички истражувачки проекти, соопшти денеска рускиот милијардер Виктор Векселберг, кој е одговорен за проектот Сколково
Денеска во посета на Сколково беше поранешната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс, која заедно со 40 студенти до Стенфорд го обиколи високотехнолошкиот центар.Проектот Сколково е милениче на рускиот претседател Дмитриj Медведев, кој го форсира најмногу од сите проекти за модернизација на земјата. Во октомври, поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер му ја возврати посетата на Медведев, кој минатото лето ја посети Силиконската долина. Шварценегер со себе доведе делегација составена од деловни луѓе и инвеститори, со цел да се олесни комуникацијата помеѓу двата врвни центри на високата технологија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Европа е на историска крстосница
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до историска крстосница и додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп не се откажал од намерата да донесе мир во Украина, пренесе агенцијата Анадолија.
Орбан порача дека Европа има две опции: да се обедини зад мировната иницијатива на Трамп или да продолжи по пат кој, според него, води право во војна. Тој оцени дека европските лидери кои заговараат војна трошеле пари на Европјаните на војна што не може да се добие.
Орбан предупреди дека испраќањето пари и оружје на Украина без поддршка од САД би отворило пат за европско-руски судир. Додаде дека Унгарија го избира патот на мирот и дека во тој дух испратил писмо до претседателката на Европската комисија.
Свет
Иран размислува за нов главен град поради колапс на водата и пренатрупаноста
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преселувањето на главниот град од Техеран е неизбежно поради пренатрупаноста и недостигот од водни ресурси. На состанок во Казвин тој предупреди дека Техеран повеќе не може да издржи нова градба или пораст на населението, а преносот на вода од Персискиот залив би бил премногу скап.
Владата го идентификувала регионот Макран, во југоисточен Иран, како можната нова локација за главен град, но без прецизен рок.
Водната криза се влошува: нивото на водата е намалено за 43 проценти во однос на лани, а браната Амир Кабир има само 8 отсто од својот капацитет. Во Техеран веќе започнало намалување на притисокот на водата, а властите предупредуваат дека славините може целосно да пресушат.
Владата ги обвинува климатските промени и санкциите, но иранските водни експерти истакнуваат дека проблемот е резултат на децении погрешни политики, прекумерна изградба на брани без еколошки проценки, исцрпување на водоносниците и пропаѓање на инфраструктурата, кое довело до губење на 25 проценти од градската вода.
Свет
Киев и САД на консултации за можен мировен договор, Европјаните не се споменуваат во изменетата објава
Киев ќе одржи консултации со САД во Швајцарија за можните параметри на идниот мировен договор за завршување на руската агресија врз Украина, соопшти украински висок безбедносен функционер.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, на „Телеграм“ напиша дека започнуваат консултации меѓу високите претставници на Украина и САД, истакнувајќи ја „подготвеноста на американската страна за суштински разговори“.
Умеров ја измени објавата и го избриша делот во кој претходно стоеше дека разговорите ќе се одржат „со учество на европски партнери“.
Според соопштението од кабинетот на претседателот, Володимир Зеленски го одобрил составот на украинската делегација што ќе ги води разговорите, како и упатствата за преговорите. Во изјавата се наведува дека „Украина никогаш нема да биде пречка за мир“ и дека претставниците на државата ќе ги бранат „легитимните интереси на украинскиот народ и темелите на европската безбедност“.

