Свет
Двајца мртви во судири во Јордан

Двајца луѓе се починале откако биле претепани до смрт од јорданската полиција за демонстрации и приврзаниците на владата во јорданската престолнина Аман, дознава телевизијата Al Jazeera
Двајца луѓе се починале откако биле претепани до смрт од јорданската полиција за демонстрации и приврзаниците на владата во јорданската престолнина Аман, дознава телевизијата Al JazeeraПовеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и полицајци, се повредени во судирите. Според медицински извори, двајца од повредените се во критична состојба. Полицијата исто така разрушила и протестен камп на студенти и уапсила неколкумина од нив. Судрите избувнаа откако околу 200 приврзаници на владата почнале да фрлаат големи камења врз повеќе од 2.000 демонстранти од различни движења, кои бараа реформи на владеењето со земјата и повеќе труд во борбата со корупцијата.„Нашиот собир беше мирен, но тоа не ги спречи нападите. Дали кралот се согласува со ваквите акции? Ние сме Јорданци и имаме право да се изразиме“, вели 20-годишниот Реда Дарвиш, учесник во демонстрациите.Демонстрантите бараат уставни амандмани со кои ќе се овозможи парламентарна демократија во земјата. Во спротивно, се закануваат дека протестите ќе продолжат додека нивните барања не бидат исполнети. Јорданскиот премиер; Маруф ал-Бакит, во своето телевизиско обраќање за судирите ја обвини исламистичката опозиција. „Она што се случи денеска дефинитивно е почеток на хаосот, а тоа е неприфатливо и јас предупредувам на последиците“, изјави тој.Истовремено со судирите во престолнината, илјадници луѓе се собрале во Градините на Ал-Хусеин, источно од Аман, за да ја искажат својата лојалност кон кралот на Јордан, Абдула Втори. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Кон: Затворање во Србија од сабота во 12 часот, нови мерки против коронавирусот

Заврши седницата на Кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од сабота во 12 часот, пренесуваат српските медиуми.
„Во сабота сè ќе работи до 12 часот, а до понеделник, до 6 часот наутро, ќе работат само продавниците за храна, лекови и горива, рече
членот на Кризниот штаб, Предраг Кон и додаде дека средните училишта од понеделник ќе бидат префрлени на часови преку Интернет.
Тој исто така објасни дека се разгледува можноста и за часови преку Интернет за децата од основно училиште, но дека предлогот не е прифатен.
Според него театрите ќе можат да работат, закажани спортски настани може да се одржат, но без публика.
Како што наведува, во понеделник, сè ќе работи како и пред мерките донесени на денешната седница.
На прашањето дали следните два дена ќе имаат ефект, Кон вели – „Мислам, но нема да биде доволно“.
Тој додаде дека „единственото на што се потпираме е имунизацијата“ и нагласи дека имунитетот од вакцината е поголем од оној после болеста.
Кризниот штаб повторно ќе се состане во вторник, рече Кон, додаде дека не сака да зборува за тоа што било зад вратите на состанокот.
„Сосема е сигурно дека имало размена и на енергични мислења. Резултатот е дека го имаме она што го пренесувам сега. Вторник е продолжение. Долгото затворање е тешка опција за Србија. Исто така е невозможно да не се реагира кога има зголемена активност на вирусот “, додава тој.
Европа
На Словенија и се заканува нов бран од пандемијата со Ковид-19

И покрај тоа што дозволи работа на средните училишта и најави полабава работа на угостителите, владатa во Словенија предупредува дека епидемијата се влошува.
Една година по првиот потврден случај од Ковид-19, на земјата и се заканува нов бран, особено поради новите варијанти, соопштуваат надлежните.
„Нашите криви растат, можеби се соочуваме со нов бран епидемии“, рече Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје.
Тој изрази посебна загриженост за ширењето на британскиот сој на коронавирус, што веќе е потврден во Словенија и е доминантен во некои европски земји, како што е Чешка, и Италија.
Владата во оваа земја објави дека 881 нов случај на заразени со коронавируас се потврдени во последните 24 часа, со предупредување дека бројот на потврдени инфекции на ден повторно се зголемува.
Европа
Велика Британија: Oграничениот извоз на вакцини од ЕУ ја загрозува борбата против коронавирусот

Велика Британија соопшти дека ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 можат да ја загрозат глобалната борба против коронавирусот.
Од таму додаваат дека очекуваат Европската Унија да ги почитува своите обврски во рамките на својата програма за вакцинирање, пишуваат бртанските медиуми.
„Глобалното закрепнување од Ковид-19 се заснова на меѓународна соработка. Сите зависиме од глобалните синџири на снабдување и поставувањето ограничувања ги загрозуваат глобалните напори за борба против вирусот”, рече портпаролот на премиерот Борис Џонсон.
Европската комисија ја поддржа одлуката на Италија да го блокира доставувањето на 250.000 дози на вакцината „Астразенека“ во Австралија.
„Премиерот разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно оваа година и таа потврди дека нивниот механизам е насочен кон транспарентност и дека тој нема намера да го ограничува извозот, очекуваме ЕУ да продолжи да ги почитува своите обврски “, рече портпарол на британскиот премиер.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“