Свет
Ослободени повеќе од 200 политички затвореници во Сирија
Сириските власти ослободиле од затворите повеќе од 200 политички затвореници, од кои повеќето се исламисти, пренесува денеска AFP повикувајќи се Сирискиот комитет за заштита на човековите права со седиште во Лондон.
Сириските власти ослободиле од затворите повеќе од 200 политички затвореници, од кои повеќето се исламисти, пренесува денеска AFP повикувајќи се Сирискиот комитет за заштита на човековите права со седиште во Лондон. „Во петокот навечер од затворот Седнаја биле ослободени повеќе од 200 луѓе, главно исламисти, откако беше потпишана петиција за нивно ослободување’, изјави директорот на Комитетот, Рами Абделрахман, истакнувајќи дека тој ја добил оваа информации од сирискиот адвокат Сирин Хури. Вчера илјадници луѓе учествуваа на протестниот марш во различни делови на Сирија, барајќи реформи и изразувајќи солидарност со жителите на градот Дараа.Според сириските власти, во протестите и судирите изминатава седмица во градот Дараа кој се наоѓа во близина на сириско-јорданската граница загинале 43 луѓе. Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе изврши итни економски и политички реформи во земјата. Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баат вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни места./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.
Свет
Европските компании за работа се повеќе ангажираат лица од странство
Европските компании за извршување на своите деловни активности многу често делумно или целосно ангажираат надворешни лица или партнери лоцирани во странство, се наведува истражувањето насловено „Глобални вредносни синџири“.
Во него се посочува дека во периодот од 2021 до 2024 година ваквата пракса, позната како „аутсорсинг“, ја користеле 72,8 отсто од европските претпријатија, кои пренесувале некои од своите деловни функции на субјекти во други земји од Унијата, но и надвор од неа и тоа најмногу во Индија (18,6 проценти) и во Велика Британија (17,1 отсто).
Ангажирањето „аутосорсинг“, според истражувањето, се практикувало за извршување на најразлични задачи, од ракување со операции, па до производство на стоки, кои дотогаш традиционално ги вршеле вработените во самите компании.
Ова, според истражувањето, се прави за да се намалат трошоците на компаниите, да се подобри нивната ефикасност, но и да можат да се фокусираат на други задачи и обврски.
Како главна парична за практикувањето на „аутсорсингот“, компаниите опфатени со истражувањето ги навеле намалување на трошоците за работна сила и тоа 34,1 отсто од нив, по што следува намалување на останатите производни трошоци со 27,8 проценти и фокусирањето на нивната основна дејност со 20,3 отсто.
Кога станува збор за работните процеси што се пренесуваат на субјекти во странство, во 47,4 отсто случаи тоа се административните и управувачките функции, по што следуваат информатичко-комуникациските услуги со 28,7 проценти.
Компаниите опфатени со истражувањето во периодот на кој се однесува анализата ангажирале 52.853 работници во странство, поради што биле укинати 152.023 работни места во нивните матични држави или 0,22 проценти од нивниот вкупен број.
Над една третина од изгубените работни места или 53.577 биле во производниот сектор, по што следуваат 33.818 во административно-управната сфера.
Меѓутоа, изразено во проценти, стапката на загубени работни места е највисока во областа на информатичко-комуникациските услуги и тоа 0,46 отсто, пред секторот на истражување и развој со 0,37 проценти.
Во анализата се оценува дека иако станува збор за прилично мали бројки на загубени работните места, сепак на долг рок не би требало да се занемари нивниот кумулативен ефект.
Со истражувањето биле опфатени компании од 22 земји членки на ЕУ и од Норвешка.
Свет
Москва му одговори на Макрон: Разговори – да, но со љубезни и пристојни луѓе
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Владимир Путин е подготвен за разговори, но само со „љубезни и пристојни луѓе“, одговарајќи на изјавите на францускиот претседател за потребата од дијалог со Москва.
„Нашиот претседател повеќепати истакнуваше дека секогаш е отворен за контакт, но со разбирање дека тоа ќе бидат љубезни луѓе со одредено основно ниво на пристојност“, изјави Лавров, потсетувајќи на острите изјави на Емануел Макрон, кој претходно ја нарече Русија, а лично и Путин, „единствениот злосторник“ во сегашниот конфликт.
Лавров претходно изјави и дека лидерите на Европската Унија се однесуваат непристојно, обидувајќи се да им диктираат на Кина и Индија дали треба да одржуваат контакти со Русија. Тој нагласи дека Москва го почитува правото на сите држави самостојно да ги одредуваат своите партнери, што, како што рече, е целосно во согласност со принципите на суверена еднаквост од Повелбата на Обединетите нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дошло време тој и европските лидери повторно да воспостават дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, пишува весникот „Фигаро“.
Фото: Depositphotos

