Свет
Судири избија во сирискиот град Латакија

Судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили избија во саботата во сириското медитеранско пристаниште Латакија, јавува сириската новинска агенција SANA.
Според агенцијата, „вооружени групи почнале да ги заземаат покривите на згради во некои делови на градот и отвориле оган врз минувачите и безбедносните сили“. Според други извори, неколку десетици луѓе собрани на протестот ја нападнале зградата на градскиот огранок на владејачката Баас партија. Како што јави теливизијата Al-Arabia, во овој инцидент загинало едно лице.Претходно во саботата групата којашто себеси се нарекува „Револуција во Сирија 2011“ преку социјалната мрежа Фејсбук беше раширен повик за „народно востание“ низ целата земја. Како што се наведува на интернет страницата, цел на оваа група е „постигнување слободата во Сирија“. Немирите во Сирија започнаа во пограничниот град со Јордан – Дераа на 18-ти март. Тие беа испровоцирани откако безбедносните сили уапсија група ученици, кои по ѕидови и огради испишувале анти-владини слогани. Во судирите со полицијата изминатата седмица загинаа десетици луѓе.Претходнно во саботата претседателот на Сирија, Башар Асад ги повлече полицијата и војската од улиците во градовите на југот од земјата во обид да ги смири демонстрациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот во Израел и забрани на владата да ги следи мобилните телефони на заразени лица

Израелскиот Врховен суд и забрани на владата да ги надгледува мобилните телефони на луѓето заразени со Ковид-19, а предлогот го означи како грубо кршење на човековите права.
Со повремено користење на овој метод од март 2020 година, агенцијата за борба против тероризмот ги надгледуваше заразените пациенти и откриваше луѓе со кои заразените стапиле во контакт, објави Ројтерс.
Од почетокот на пандемијата, невладините организации за човекови права апелираа до судот да обрнат внимание на кршењето на правата, додека членовите на парламентот изразија сомнеж во врска со ефективноста на следењето на луѓето.
Судот изрази загриженост дека набудувањето на мобилните телефони од привремената мерка може да стане трајно, затоа и даде рок на владата до 14 март да престане со следење, како и да се фокусира на заразените кои одбиваат епидемиолошки мерки.
„Се надеваме дека ова ќе ја покаже вистинската насока на владата и дека парламентот ќе го промени правецот од лизгавиот пат, користејќи екстремни и недемократски мерки во борбата против коронавирусот“, соопшти израелското здружение за човекови права.
Европа
Принцот Филип префрлен во друга болница заради испитување на срцето

Британскиот принц Филип, 99-годишен сопруг на кралицата Елизабета (94), е префрлен во друга болница во центарот на Лондон за да се испита претходната состојба на срцето и да се лекува од инфекција.
„Војводата останува на лекување, но се очекува да остане во болница барем до крајот на неделава“, се вели во соопштението на Бакингамската палата.
Војводата од Единбург ќе наполни 100 години во јуни. Тој беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“ во Лондон на 16 февруари. Палатата првично одлучи да не ја открие причината за хоспитализацијата, но подоцна беше објавено дека тој се лекува од инфекција, повикувајќи се на неговите лекари кои рекоа дека е добро расположен.
Извештаите за наводната намера на медицинските лица да го задржат во болница подолго од планираното, предизвикаа загриженост за здравјето на стариот крал.
Европа
Во Чешка, полицијата го контролира движењето

Слободата на движење во Чешка е строго ограничена во следните три недели со цел да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус.
Денес полицијата започна да патролира по улиците и возовите затоа што на луѓето им е дозволено да го напуштаат својот град или село во исклучителни случаи, на пример, да одат на работа, на лекар или некое државно тело.
„Ќе бидеме насекаде, дури и на најмалите патишта“, рече портпаролот на полицијата.
Тој додаде, дека полицијата ќе биде блага, но во случај на намерно кршење на правилата, прекршителите ќе бидат казнети. Казните ќе се движат до 400 евра, а некои луѓе како што информираше, веќе се казнети.
Медиумите јавуваат дека контролите во некои области предизвикале застој во сообраќајот. Повеќе од 25.000 полицајци и до 5.000 војници учествуваат во акцијата.
Некои граѓани како што пренесуваат чешките медиуми ги критикуваат овие строги мерки на социјалните медиуми, потсетувајќи дека тоа не беше случај ниту во комунизмот. Другите сметаат дека не се доволно строги.
Владата планира да воведе задолжително тестирање на коронавирус во компании со повеќе од 250 вработени.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран