Свет
Договор за трансферот на власта во Јемен пропадна, но претседателот готов да замине

Јеменски претседател Салех, негираше дека е постигнат договор за трансфер на власта, како што се очекуваше, во саботата, но е подготвена „достоинствено“ да ја напушти функцијата, јавува Reuters повикувајќи се на телевизијата Al-Arabia која ја емитувала изјава од претседателот
Претседателот Абдула ал-Салех во изјавата посочил дека за време на разговорите во саботата за деталите од транзицијата на власта и формирање преодна влада, опозицијата покренала голем број нови барања. Договорот не е постигнат, но претседателот рекол дека „ќе биде подготвен за достоиснтвено повлекување од фунцкијата, дури и за неколку часа“.Политички сили во Јемен во саботата требаше да се договорат за формирање преодна влада, изјави претходно јеменскиот министер за надворешни работи, Абубакар ал-Кирби. Детали од преговорите не се наведени во информацијата на медиумите. Според министерот за надворешни работи, веројатно е дека на разговорите се занимаваа со „тајмингот’ на трансферот на власта.Опозицијата претходно во петокот ги повика противниците на режимот на протестен митингсо кој ќе се бара оставка од шефот на државата. Како што јавува Agence France-Presse, стотици илјади приврзаници и противници на претседателот Салех во саботата излегоа на улиците на Сана. Меѓутоа, во саботата накусо беа обновени.Претходно, претседателот Салех изјави дека тој нема да бара проширување на неговите овластувања и продолжување на мандатот кој истекува во 2013 г., како и дека нема да ја пренесе власта на својот син. Потоа, барајќи намалување на тензиите во земјата, Салех вети дека годинава ќе го даде на референдум нацртот за новиот устав кој ќе претставува транзиција кон парламентарни форма на управување со државата како што бара опозицијата. Сепак, опозицијата ги отфрли овие иницијативи на Салех сметајќи дека за тоа е премногу доцна.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен. Претседателот Салех на 18-ти март бјави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Во средата таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција.
Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што пренесе АФП, сириските сили успеваат да ги пресретнат ракетите.
🇸🇾 : Les défenses anti-aériennes syriennes protègent Damas contre les récentes frappes aériennes israéliennes.@Syria_Protector pic.twitter.com/f5QcDigKjE
— MENActualité (@MENA_frcais) February 28, 2021
Израелските медиуми првично јавуваат дека гранатирањето на Сирија е одговор на нападот на израелскиот број од страна на Иран во Оманскиот залив.
Засега нема информации дали има жртви.
Израел често извршува напади на територијата на Сирија. Повеќето негови цели се складишта со оружје и позициите на либанското движење Хезболах, како и проиранските сили кои се борат на страната на Башар Асад.
ok now Seriously lets go back to business even that i m high #israel is gonna bomb the shit of #iran after that ship attack
Location is ,,,,, best runner up … #Syria
Prepare booose chips … a roller coaster about to begin— ܡܐܪܝܘ 🇱🇧🇬🇧 (@MarioLeb79) February 28, 2021
Регион
Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки.
Според нив, неколку градови во Црна Гора ќе бидат во карантин, вклучувајќи ги Подгорица, Цетиње и Херцег Нови.
Како што беше соопштено, забраната ќе стапи на сила во вторник, на 2 март, а покрај мерките што продолжуваат да важат во општините Будва и Тиват, на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат и териториите на Подгорица, Цетиње, Улцињ, Херцег Нови, Никшиќ и Плужине, пренесува „Вијести“. Целосно забранета ќе биде работата на угостителските објекти.
Овие мерки ги ослободуваат оние граѓани кои го напуштаат градот поради редовни работни задачи и врз основа на потврда на работодавачот, понатаму лицата кои одат на преглед со медицинска документација или се грижат за лица кои не можат да се грижат за себе поради болест или повреда.
Ослободени се и студентите кои патуваат од своето место на живеење до седиштето на високообразовната установа, врз основа на потврда на таа институција, односно уредно пополнетиот и заверен индекс.
Европа
Потврдено присуството на бразилскиот вид на коронавирус во Велика Британија

Агенцијата за јавно здравје на Англија објави дека е потврдено присуство на бразилскиот сој на коронавирус, кај шест пациенти во Велика Британија, пренесува „Гардијан“.
Весникот наведува дека три случаи на зараза со новиот вид биле откриени во Англија и три во Шкотска.
Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, објави денеска министерот за здравство, Мет Ханкок.
„Ова е величествено достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се“, напиша Ханкок на „Твитер“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран