Свет
Папата повика на мировни преговори во Либија
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт XVI, повика денеска во Ватикан дипломатите веднаш да почнат преговори за сите страни во Либија да го прекинат огнот.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт XVI, повика денеска во Ватикан дипломатите веднаш да почнат преговори за сите страни во Либија да го прекинат огнот.Папата на верниците собрани на плоштадот „Свети Петар“ им рекол дека е загрижен за безбедноста на цивилите и истакнал дека дипломатијата мора да го искористи дури и најмалиот знак на желба за помирување.Бенедикт XVI апелирал до меѓународните организации и политичките и воени власти веднаш да почнат дијалог што ќе обезбеди прекин на огнот./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

