Свет
Дванаесет лица загинаа во судирите во сириското пристаниште Латакиа

Во судирите што избувнаа во саботата навечер во најголемото сириско медитеранско пристаниште Латакиа загианел десет војници и двајца милитанти, пренесува во неделата AFP, повикувајќи се на Бусејни Шабан, советник за информации на претседателот Башар ал-Асад
Сириската новинска агенција SANA претходно во саботата навечер јави „вооружени групи ги заземале покривите на зградите во некои делови од градот и отворил оган врз минувачите и безбедносните сили“. Според други извори, неколку десетици луѓе собрани на протест ја нападнале зградата во којашто бил сместен градскиот огранок на владејачката Баат партија. Претходно во саботата групата којашто себеси се нарекува „Револуција во Сирија 2011“ преку социјалната мрежа Фејсбук беше раширен повик за „народно востание“ низ целата земја. Како што се наведува на интернет страницата, цел на оваа група е „постигнување слободата во Сирија“. Немирите во Сирија започнаа во пограничниот град со Јордан – Дераа на 18-ти март. Тие беа испровоцирани откако безбедносните сили уапсија група ученици, кои по ѕидови и огради испишувале анти-владини слогани. Во судирите со полицијата изминатата седмица загинаа десетици луѓе. Судирите во Дараа ескалираа кога демонстрантите се обидоа да ги соборат статуите на поранешниот претседател Хафез Асад по што го искинаа и големото пано со ликот на Башар Асад, кој е моментално претседател и син на Хафез. Претходнно во саботата претседателот Асад ги повлече полицијата и војската од улиците во градовите на југот од земјата во обид да ги смири демонстрациите.Во петокот илјадници луѓе учествуваа на протестниот марш во различни делови на Сирија, барајќи реформи и изразувајќи солидарност со жителите на градот Дараа.Според сириските власти, во протестите и судирите изминатава седмица во градот Дараа кој се наоѓа во близина на сириско-јорданската граница загинале 43 луѓе.Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе зиврши итни економски и политички реформи во земјата. Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баат вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни местаМасакрот во Санамеин, јужно од престолнината Дамаск, кој во изминативе две седмици беше поприште на демонстрации и судири со безбедносните сили, се случи во средата. Бунтовниците запалија оган под споменикот на таткото на сегашниот претседател, Хафес ал-Асад, кој почина во 1980 г., што ги испровоцирало сите на редот да отворат оган со боева муниција. Санамеин се наоѓа на 40 километри северно од Дараа.Во Дераа, пак, илјадници луѓе присуствува на погребот на 37-те демонстранти кои во средата беа убиени од силите на претседателот Башир ал-Асад. И покрај огромно присуство на силите за безбедност и нивната подготвеност да користат сила при разбивањето на демонстрациите, во градот се собраа луѓе од речиси сите околни места. Демонстрантите во Дараа извикувале слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваа Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 г.Во Дамаск силите на редот приведоа повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хама, се собрале повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хама во 1982 г. сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.Дара е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.Демонстрациите во Сирија траат веќе две седмици, при што демонстрантите повикуваат на прекинување на корупцијата и на вонредната состојба која трае веќе 48 години. Сирија се наоѓа во постојана вонредна состојба откако во 1963 г. на власт дојде партијата Бат и донесе забрана за постоење на опозиција.Во неделата толпата во Дара запали зграда на суд и седиштето на владејачката партија. Протестите стануваат се’ поголема закана за претседателот Башир Асад, кој на функцијата го наследи својот татко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во БиХ голем скок на бројот на заразени од коронавирус

Во Босна и Херцеговина има голем скок на новоинфицирани од коронавирус, соопштуваат официјалните власти.
Според податоците на Заводот за јавно здравство, по спроведените тестирања на нешто повеќе од три илјади примероци, инфекција со коронавирус е потврдена кај 542 лица од Федерацијата БиХ, и тоа: 202 од Република Српска и 18 од областа Брчко.
Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, коронавирусот сега повторно се шири и тоа со забрзано темпо и, според нив, тоа е резултат на намаленото почитување на пропишаните мерки.
Кризниот штаб на Федерацијата БиХ воведе нови мерки за ограничување, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.
Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да има до 25 лица.
На инспекциските служби и на полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.
Зголемувањето на бројот на заразени се случува истовремено кога БиХ се соочува со нерешените проблеми при набавка на вакцини против коронавирусот, пишуваат медиумите. Додаваат дека оваа земја досега не прими ниту една доза од вакцините на западните производители, нарачани преку механизмот „Ковакс“.
Европа
„Астразенека“ ќе испoрача 150 милиони вакцини за земјите од Европската Унија

Шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром денес изјави дека според сегашните информации, „Астразенека“ ќе може да ѝ испорача 150 милиони дози вакцина против Ковид-19 на Европската Унија во вториот квартал, како што беше претходно соопштено.
„Тоа е дури и помалку отколку во првичниот договор“, истакна тој, објави „Ројтерс“.
„Не сме целосно задоволни, но тие се обидуваат да најдат нови количини и сметаме дека тоа е одлично“, рече Бергстром на прес-конференција.
Регион
Во Србија 3.588 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени.
Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб е донесен единствен став во врска со воведувањето нови мерки против коронавирусот и кои ќе се однесуваат на викендот, но дека тие не се целосно прецизирани и дека тоа ќе се направи в петок.
Тој смета дека бројот на новозаразени е повторно зголемен затоа што не се придржувале кон противепидемиските мерки, како и дека премногу се опуштиле со масовната вакцинација, бидејќи сметале дека епидемијата е при крај.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер