Свет
АИ: Смртната казна во опаѓање секаде во светот освен во Кина

Смртната казна е во опаѓање во светот, но погубувања се извршени во 2010 година во земји како Иран, Северна Кореја, Јемен, САД, Саудиска Арабија и особено во Кина, се наведува во најновиот извештај на Амнести Интернешнал.
Смртната казна е во опаѓање во светот, но погубувања се извршени во 2010 година во земји како Иран, Северна Кореја, Јемен, САД, Саудиска Арабија и особено во Кина, се наведува во најновиот извештај на Амнести Интернешнал.„Најмалку 527 погубувања забележала минатата година организацијата за заштита на човекови права, наспроти 714 од 2009 година. Но тие бројки ја изземаат Кина, која молчи по тоа прашање. Според податоците на Амнести Интернешнал, таму погубувањата се мерат во илјади.Најбројни се егзекуциите во Азија и на Блискиот исток.Така Техеран признал 252 погубувања минатата година, меѓу кои пет се на жени и едно на малолетник.Во Северна Кореја се извршени 60, во Јемен 53 и 27 во Саудиска Арабија.Во САд се избројани 46 смртни казни, а изречени се 110, но тоа е само третина во однос на средината на 90-те години, забележува Амнести.Листата ја предводи Кина. Според Амнести, Пекинг во 2010 година изрекол смртна казна против илјадници лица, дури и за ненасилни дела, без праведна процедура и судење.Некои земји продолжуваат да изрекуваат смртни казни за криминал поврзан со дрога, економски прекршоци, доброволни сексуални односи меѓу возрасни лица, како и за богохулење, кршејќи ги притоа меѓународните законски прописи за човекови права кои забрануваат смртна казна, освен за најтешки злосторства, пишува Амнести.Според податоците на организацијата, Иран, Пакистан, Саудиска Арабија и Емиратите осудиле на смрт лица помлади од 18 години во моментот кога тие ги извршиле делата, со што ги прекршиле меѓународните прописи.Амнести предупредува дека шест земји (Бахреин, Белорусија, Екваторијална Гвинеја, Сомалија, Тајван како и Палестинската самоуправа) повторно почнале да ја употребуваат смртната казна.Монголија прогласила мораториум на смртната казна, што е важен чекор во таа земја, додека Габон отстапил од смртната казна минатата година, така што со тоа бројот на членки на африканската унија кои се определиле за аболиција пораснал на 16.Во изминатите десет години вкупно 31 земја ја укинала смртната казна во рамки на закон или во пракса, открива АИ./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во БиХ голем скок на бројот на заразени од коронавирус

Во Босна и Херцеговина има голем скок на новоинфицирани од коронавирус, соопштуваат официјалните власти.
Според податоците на Заводот за јавно здравство, по спроведените тестирања на нешто повеќе од три илјади примероци, инфекција со коронавирус е потврдена кај 542 лица од Федерацијата БиХ, и тоа: 202 од Република Српска и 18 од областа Брчко.
Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, коронавирусот сега повторно се шири и тоа со забрзано темпо и, според нив, тоа е резултат на намаленото почитување на пропишаните мерки.
Кризниот штаб на Федерацијата БиХ воведе нови мерки за ограничување, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.
Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да има до 25 лица.
На инспекциските служби и на полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.
Зголемувањето на бројот на заразени се случува истовремено кога БиХ се соочува со нерешените проблеми при набавка на вакцини против коронавирусот, пишуваат медиумите. Додаваат дека оваа земја досега не прими ниту една доза од вакцините на западните производители, нарачани преку механизмот „Ковакс“.
Европа
„Астразенека“ ќе испoрача 150 милиони вакцини за земјите од Европската Унија

Шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром денес изјави дека според сегашните информации, „Астразенека“ ќе може да ѝ испорача 150 милиони дози вакцина против Ковид-19 на Европската Унија во вториот квартал, како што беше претходно соопштено.
„Тоа е дури и помалку отколку во првичниот договор“, истакна тој, објави „Ројтерс“.
„Не сме целосно задоволни, но тие се обидуваат да најдат нови количини и сметаме дека тоа е одлично“, рече Бергстром на прес-конференција.
Регион
Во Србија 3.588 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени.
Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб е донесен единствен став во врска со воведувањето нови мерки против коронавирусот и кои ќе се однесуваат на викендот, но дека тие не се целосно прецизирани и дека тоа ќе се направи в петок.
Тој смета дека бројот на новозаразени е повторно зголемен затоа што не се придржувале кон противепидемиските мерки, како и дека премногу се опуштиле со масовната вакцинација, бидејќи сметале дека епидемијата е при крај.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер