Свет
Новинар на Reuters протеран од Сирија, двајца исчезнаа

Новинар на агенцијата Reuters е протеран од Сирија, откако е обвинет од властите дека „непрофесионално и неточно“ известувал за немирите во земјата, додека продуцент и камерман на оваа британска агенција исчезнаа
Продуцентот Ајат Басма и камерманот Езат Балтаџи тргнале од Сирија во Либан, но на својата дестинација не стигнале во предвиденото време. Сириската влада го протера новинарот Халед Јакуб Овиес кој во Дамаск работел од февруари 2006 г.„Вашата акредитација е повлечена и вие сте протерани поради вашите непрофесионални и неточни извештаи. Морате веднаш да заминете“, му соопштил на новинарот официјален преставник на министерството за надворешни работи на Сирија. Главниот и одговорен уредник на Reuters, Стивен Адлер изјави дека агенцијата жали поради ваквата одлука на сириската влада и нагласи дека и понатаму „ќе се продолжи со точно и независно известување“ за состојбата во Сирија. Овиес, кој по потекло е од Јордан е првиот акредитиран дописник на Ројтерс од Дамаск, тој предходно известувал од Багдад, Бејрут, Аман и Лондон, наведува агенцијата. Инаку протестите на југот на Сирија започнаа на 15 март, со нив незадоволните граѓани бараат суштински реформи во државата и оставка на претседателот Башар ал-Асад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Очекуваме драстично зголемување на бројот на заразени, можно е заострување на ограничувањата

Унгарската влада го разгледува заострувањето на одредени ограничувања во врска со коронавирусот, бидејќи се очекува драстично зголемување на бројот на заразени во следните две недели, изјави премиерот Виктор Орбан.
Орбан за државното радио изјави дека сите 2,5 до 2,6 милиони Унгарци кои досега се пријавиле за вакцинација против Ковид-19 ќе добијат најмалку една доза до Велигден на почетокот на април.
Премиерот рече дека се надева дека вакцината ќе ја прими вакцината на кинески „Синофарм“ на почетокот на следната недела.
Европа
Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“ доколку се понуди кога ќе дојде неговиот ред.
„Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на ‘Астразенека’ е докажана“, им рече Макрон на новинарите по виртуелниот самит на Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.
„Мојот ред ќе дојде, но имам време. Ако се работи за вакцина што ми е понудена, секако ќе ја примам“, додаде францускиот претседател.
Макрон предизвика вчудовиденост во Велика Британија откако претходно оваа година рече дека вакцината дејствува „квази-неефикасно“ меѓу постарите од 65 години, потсетува „Ројтерс“.
Свет
Бајден: На половина пат сме, 50 милиони вакцини за 37 дена

Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази задоволство од фактот дека 50 милиони дози се употребени во кампањата за вакцинирање против Ковид-19 од неговото преземање на функцијата, но предупреди дека сè уште не е дојдено време за релаксација, пренесува британски „Гардијан“.
Весникот наведува дека американскиот претседател потврдил дека неговиот план за примена на 100 милиони дози во првите 100 дена од мандатот се реализира повеќе од добро и дека за 37 дена откако е на чело на САД веќе се потрошени 50 милиони вакцини, пренесува „Танјуг“.
„Ние сме на половина пат: 50 милиони дози за 37 дена, тоа е неколку недели пред планираното“, рече Бајден.
Претседателот на САД, исто така, предупреди дека може да се шират нови видови на вирус, што ќе доведе до повеќе случаи на инфекција и хоспитализации и апелираше до Американците да продолжат да ги почитуваат мерките на владата за да се сузбие Ковид-19.
„Гардијан“ исто така наведува дека Бајден не можел да прецизира кога земјата ќе се врати во нормала, но тој потврдил дека приоритет на неговата администрација е да овозможи тој ден да дојде што е можно побрзо.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер