Свет
Талибаните презедоа одговорност за нападот во авганистанската провинција Пактика
Талибаните ја презедоа одговорноста за терористичкиот напад извршен во понеделникот наутро во округот Бармал во источната авганистанска провинција Пактика во кој беа убиени најмалку 13 а ранети повеќе од 53 лица
Според соопштението потпишано од Забиула Муџахид кој се претставува како портпарол на авганистанските талибани, објавено на интернет страницата „Гласот на џихадот“, напад врз воената база на странските и авганистанските војници во која е сместена и една градежна компанија, бил изведен точно во 6 часот по локално време а ја извел „храбриот муџахедин“ Ахмад Али, влетувајќи на триторијата на базата со камионот со приколката во која имало 4,5 тони експлозив. Според Муџахид, пак, во нападот загинале 27 а биле ранети уште 27 други „странски окупатори и нивните платеници и слуги“.Прес-службата на воздухопловната база Баграм во НАТО соопшти за најмалку 13 убиени и 53 повредени во овој терористички напад. Претходно, прес-службата на гувернерот на Пактика, јави за 11 убиени и 60 повредени во експлозија „ Zahir Road Construction Company.“ Според претставници на министерството за здравство на Авганистан, локалните болници добиле 20 тела од убиени во нападот. Талибанцие од почетокот на пролетта значително ги засилуваат своите активности во разни авганистански провинции. Така, според прес-службата на Генералниот директорат за национална безбедност (GUNB) на Авганистан, неодамна припадниците на агенцијата за контраразузнавање во Кабул уапсиле група од седум терористи, чијашто намера била да изведуваат вооружени напади врз цивили и да подготват терористички напади во текот на пролетниот фестивал посветен на празникот Навруз – авганистанската Нова година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

