Свет
Во заседа убиени 14 пакистански специјалци
Пакистанските милитанти вечерва од заседа нападнале одред на специјалните сили во северозападен Пакистан, при што загинаа 14 полицајци, јави пакистанската телевизија DawnNews.
Пакистанските милитанти вечерва од заседа нападнале одред на специјалните сили во северозападен Пакистан, при што загинаа 14 полицајци, јави пакистанската телевизија DawnNews.
Според информациите на телевизија, единица на специјалните полициски единици придружувала конвој од возила во пограничната област на границата со Авганистан, во провинцијата Хајбер-Пахтинхва.
Милитантите конвојот го нападнале со минофрлачки гранати во близина на селото Акахел.
Меѓу загинатите полицајци има еден полковник и еден капетан. За настрадани меѓу напаѓачите засега нема информации..
Екстремистите во Пакистан постојано извршуваат терористички напади, влегуваат во престрелки со полицијата и војската и преземаат самоубиствени бомбашки напади против претставници од централната власт.
Според проценките на пакистанските медиуми, од 2007. година од кога овие напади станаа пакистанско секојдневие, во терористичките напади во земјата загинале повеќе од 3.500 лица. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

