Свет
Минатогодишните светски катастрофи чинеле 218 милијардо долари

Осигурителната компанија „Свис Ре“ соопшти дека економската цена на природните катастрофи и несреќите кои ги предизвикале луѓето е покачена за три пати – на 218 милијарди долари во 2010 година, споредено со 68 милијарди од 2009 година.
Осигурителната компанија „Свис Ре“ соопшти дека економската цена на природните катастрофи и несреќите кои ги предизвикале луѓето е покачена за три пати – на 218 милијарди долари во 2010 година, споредено со 68 милијарди од 2009 година.„Свис Ре“ вели дека бројката на настрадани исто така е драстично зголемена, на 304.000 луѓе од 15.000 во 2009 година. Само во земјотресот на Хаити настрадаа 222.000 лица.Компанијата од Цирих наведува дека минатогодишните несреќи ги чинеле осигурителните компании 43 милијарди долари, 60 отсто повеќе на годишно ниво.Земјотресот во Чиле и на Нов Зеланд на осигурителните компании им нанеле загуба од 12 милијарди долари.Во денешниот извештај, Сви Ре вели дека неодамнешниот земјотрес на Нов Зеланд и во Јапонија ќе ја направи 2011 година една од најскапите години за осигурителните компании./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Навални префрлен во затворска колонија на 100 километри источно од Москва

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални пристигна во казнена колонија на околу 100 километри источно од Москва, каде ќе ја издржува затворската казна во траење од две и пол години, јави Ројтерс, цитиран од РИА Новости.
Претходно денес, сојузникот на Навални, Леонид Волков, на социјалните мрежи изјави дека семејството и адвокатите на Навални не биле официјално известени за неговата локација.
Европа
Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.
Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.
Регион
Земјотрес регистриран во близина на Закинтос

Денеска околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.
Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимес и на длабочина од 10 километри.
Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран