Свет
Воената хунта во Мјанмар и официјално распуштена

Воената хунта во Мјанмар официјално е распуштена по церемонијата на полагање на заклетва на таканаречената цивилна влада
Преминот на Мјанмар на избраната власт се смета за „козметичка промена“ со цел војската и натаму да ја задржи власта.Првите избори во оваа земја во последните 20 години се одржаa во ноември, но критичарите ги оквалификуваа како наместени.Државните медиуми јавија дека новата влада ја предводи претседателот Теин Шејн, кој положи заклетва во градот Најпџитав.Медиумите јавија дека воената хунта „Државен совет за развој“ и официјално е распуштена.На чело на воената хунта беше генералот Тан Шве, кој на власт во Мјанмар беше од 1988 г.Во Мјанмар од 1962 г. на власт е воената хунта.На изборите во 1990 г. граѓаните гласаа за лидерката на опозицијата Аунг Сан Су Чи и нејзината Национална лига за демократија, но генералите не ги прифатија резултатите од гласањето и воведоа уште поцврста воена диктатура што трае до денес.Су Чи, добитничка на Нобеловата награда за мир кој авкупно во домашен притвор и во затовр мина 14 години, кога во ноември минатата година под притисок на меѓуанродната јавност беше ослободена ги повика своите приврзаници да ги бојкотираат ноемвриските изборите од кои новинарите нема да можат да известуваат.Во Мјанмар во 2007 г. будистичките монаси ги предводеа уличните протести против произволното зголемување на цените и воената диктатура, но протестите војската брутално ги задуши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Американците протестираа против Трамп во сите 50 држави

Илјадници демонстранти вчера протестираа во сите 50 сојузни држави на САД против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, поради, како што велат, прекумерната извршна власт, контроверзната имиграциска политика и економската нестабилност, пренесе Би-би-си.
Протестите беа дел од децентрализирана иницијатива наречена „50501“, која потекнува од социјалната мрежа Reddit, а нивното одржување беше симболично закажано за 5 април – ден кој се совпаѓа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна.
Организаторите повикаа на „ден на акција“ наместо класични демонстрации, со акцент на заемна помош, солидарност и ненасилен отпор. Во рамки на протестите, учесниците организираа акции за чистење населби, собирање храна и хигиенски производи за донации.
Во Вашингтон, илјадници граѓани се собраа на Националната алеја со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој неодамна беше депортиран во Ел Салвадор. Тамошниот протест се спои со штрајкот на вработените во Бирото за заштита на потрошувачите, чии редови биле скратени за 90 отсто. Критики беа упатени и кон Илон Маск и неговата служба ДОГЕ.
Паралелно, пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс се одржаа дополнителни собири со слични барања.
И покрај контрапротести и неколку апсења поради наводни напади врз полицијата, протестите поминаа претежно мирно. Масовни демонстрации беа одржани и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку големи американски градови.
Свет
За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев.
– Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17 часот и 15 минути на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да не заштитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи, напиша Зеленски на платформата Х.
Зеленски во објавата не дава никави назнаки дали и Украина ќе го прекине огнот за Велигден.
Рускиот претседател Владимир Путин попладнево објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објави Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Свет
Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Путин истакнал дека руските војници, сепак, мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Киев. Мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација на непријателот, секоја негова агресивна акција, нагласил рускиот претседател.
Москва очекува украинската страна да го следи нивниот пример. Киев сè уште официјално не го коментираше прогласеното примирје.