Свет
Турската жандармерија уби седум бунтовници
Седум терористи кои најверојатно им припаѓаат на курдските бунтовници, се убиени денеска во турската провинција Хатаји, во моментот додека сакале од Сирија да преминат во Турција, јавува денеска агенцијата Анадолија.
Седум терористи кои најверојатно им припаѓаат на курдските бунтовници, се убиени денеска во турската провинција Хатаји, во моментот додека сакале од Сирија да преминат во Турција, јавува денеска агенцијата Анадолија.Како што наведува новинската агенција, единиците на жандармеријата пукале врз седумте бунтовници во руралната област кај градот Хаса, недалеку од сириската граница, откако бунтовниците отвориле оган врз припадниците на жандармеријата кои од нив барале да се предадат.Агенцијата меѓутоа не наведува на која организација и припаѓале убиените бунтовници. Курдските бунтовници од Работничката партија на Курдистан (PKK) се најактивна вооружена група во регионот Хатај.Минатиот мај, една вооружена група на PKK изврши ракетен напад на поморската база Искендерун, оддалечена 50 километри од Хаса. Во нападот загинаа шест војници.PKK, која голем број на држави ја сметаат за терористичка организација, прогласи едностран прекин на огнот во август 2010 година, но минатиот месец се закани дека ќе се откаже од прекинот на огнот поради неуспешните преговори на турските власти со Курдите.Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-тата година, загинале повеќе од 45.000 луѓе./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ не открива дали ќе биде кандидат за премиер: „Не е време да се зборува за тоа“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека одлуката дали ќе биде кандидат за премиер треба да биде негова, како и одлука на народот кој, како што нагласи, сака промени што гарантираат стабилност и сигурност, а не хаос и промени какви што, според него, наметнуваат блокадерите.
Вучиќ ги замоли сопартијците да не зборуваат за тоа дали тој ќе биде кандидат за премиер на претстојните избори и да не шпекулираат на таа тема.
„Не е ни време ни место. Прво, тоа мора да биде моја одлука – дали се чувствувам доволно способен и дали го сакам тоа, а потоа мора да биде одлука на народот. А народот сака промени, само не сака промени какви што му наметнуваат блокадерите, туку промени што гарантираат стабилност и сигурност, а не хаос“, изјави Вучиќ во Претседателството на Србија, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се знае дали тој ќе биде кандидат за премиер на парламентарните избори.
Вучиќ рече дека е тешко да не се посака промена на некој што, како што наведе, е 14 години на власт, и дека тука не мисли само на политичките неистомисленици, туку и на оние што го поддржуваат.
„Мене ми останува само да кажам колку грешев и колку работи пропуштив да направам. Секој ден се каам што понекогаш сум се опуштил и можеби не сум работел онолку колку што требаше за да постигнеме уште подобри резултати“, рече Вучиќ, пренесе „Телеграф“.
Тој оцени дека на следните избори ќе победи оној што ќе ги убеди граѓаните дека е способен истовремено да донесе и стабилност и промени.
„Што се однесува до премиерот, ги молам сите луѓе да не зборуваат за тоа. Едноставно е, во овој момент не сакам да кажам не, затоа што секогаш оставам некаква можност“, изјави Вучиќ.
Тој наведе дека има илјада забелешки на сопствена сметка, но дека се постигнати резултати кои денес се земаат здраво за готово и повеќе не се ценат затоа што луѓето се навикнале на нив.
Истакна дека за првпат во историјата Србија има стабилен курс на динарот, а дека поранешниот гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ, кој се споменува како име на студентско-блокадерската листа, го уништил динарот и му ја намалил вредноста за 50 отсто.
Вучиќ додаде дека денес Србија има и најниска стапка на јавен долг во однос на бруто-домашниот производ во модерната историја.
Свет
Стармер загуби уште еден советник поради аферата со Епстин: шефот за комуникации поднесе оставка
Шефот за комуникации на премиерот Кир Стармер, Тим Алан, денес поднесе оставка, велејќи дека тоа го отвора патот за нов тим кој ќе го поддржи британскиот лидер, кој е критикуван поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави.
Заминувањето на Алан доаѓа само еден ден откако најблискиот помошник на Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка од функцијата шеф на кабинетот, велејќи дека ја презема одговорноста да му препорача на премиерот да го назначи Манделсон, чии блиски врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин ја доведоа во прашање проценката и способноста на Стармер да владее, пишуваат медиумите.
Стармер им се обрати на вработените во неговата канцеларија на Даунинг стрит, повикувајќи ги да останат обединети. „Мора да докажеме дека политиката може да биде силата на доброто“, им рече тој.
„Верувам дека може. Верувам дека е. Ајде да продолжиме понатаму. Ајде да продолжиме со доверба додека продолжуваме да ја менуваме земјата.“
Британскиот премиер продолжува со својата работа и нема намера да се повлече, изјави неговиот портпарол кога беше прашан дали Стармер има намера да поднесе оставка поради случајот Манделсон.
Лидерот на опозициската Конзервативна партија, Кеми Баденох, го обвини Стармер дека е неспособен да ја води својата влада.
„Тој е како пластична кеса што се разнесува на ветерот. Треба да се собере и ако не може да го направи тоа, тогаш некој друг во Лабуристичката партија треба да го стори тоа или треба да имаме избори“, изјави Баденох за „Скај њуз“.
Свет
Калас: Кремљ не ги сфаќа сериозно мировните преговори, ќе бидат принудени да направат вистински отстапки
Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, изјави дека Кремљ не ги сфаќа сериозно преговорите за Украина и дека Брисел размислува за назначување специјален претставник кој би ги претставувал 27-те членки на Унијата на преговарачката маса.
Во интервју за порталот „Јуроњуз“ Калас предупреди дека мировните напори околу Украина ризикуваат зајакнување на руската агресија доколку Москва не биде принудена да направи вистински отстапки.
Таа ги изрази своите стравувања за преговорите меѓу Русија и Украина, кои беа посредувани од САД и кои досега не дадоа резултати. Таа оцени дека застојот во преговорите покажува недостаток на сериозност на Кремљ, бидејќи Украина е под притисок да се согласи на отстапки.
„Тие (руските преговарачи) навистина немаат сериозни луѓе на масата“, рече Калас, додавајќи дека од оваа рунда преговори не се очекува ништо.
Високата претставничка за надворешна политика призна дека за прв пат од почетокот на големата инвазија на Украина, администрацијата на Трамп ги донесе двете страни на преговарачка маса, но таа истакна дека постои очигледна нерамнотежа помеѓу она што се бара од Киев и она што се бара од Москва.
„Видовме само каде Украинците се подготвени да направат отстапки за да се стави крај на војната. Не видовме никакви отстапки од руската страна“, изјави Калас за „Јуроњуз“.
Калас рече дека болните отстапки, главно во врска со територијата, се наменети само за Украинците. Таа истакна дека на Украинците е да одлучат за какви отстапки се подготвени и предупреди против руските преговарачки тактики.
Додаде дека Русите бараат максимум, нешто што никогаш не било нивно, дека тие упатуваат закани и ултиматуми, користат сила.
Во меѓувреме, се повеќе има повици ЕУ да назначи специјален пратеник кој ќе го претставува блокот и ќе ја поддржува Украина во преговорите.
Калас не сакаше да шпекулира со имиња за таа позиција, но истакна дека фокусот треба да биде на мандатот и целта на назначувањето на претставникот.
„Поентата во моментов не е за личноста, туку за тоа што и колку сакаме да добиеме со тоа назначување“, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ за „Јуроњуз“. „Ако Русите мислат дека постигнуваат максимални цели со Американците, зошто би разговарале со Европејците“, праша таа.
Наместо тоа, Калас верува дека Русија мора да се стави во позиција каде што „транзитира од преправање дека преговара кон вистинско преговарање“, што би барало сила и единство на Западот.

