Свет
Пратеник на Либија преговара со британската влада

Пратеник на луѓето блиски до либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, последните неколку дена бил во посета на Лондон, каде водел доверливи разговори со британската влада, пренесуваат денеска британските медиуми.
Пратеник на луѓето блиски до либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, последните неколку дена бил во посета на Лондон, каде водел доверливи разговори со британската влада, пренесуваат денеска британските медиуми. Би-Би-Си и останатите медиуми информираат дека специјалниот пратеник бил Моамер Исмаил, помошник на синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам. Информацијата доаѓа само еден ден откако поранешниот министер за одбрана и шеф на разузнавачката служба на Либија поднесе оставка и побара азил во Велика Британија. Пребегот на министерот Муса Куса дипломатските кругови го толкуваат како голем удар врз режимот на Гадафи. Весникот Гардијан, повикувајќи се на неименувани извори во британската влада, пишува дека овој таен состанок е само еден од неколкуте кои биле одржани во изминатите две недели. Во разговорите според Гардијан се бара решение за излазот од кризата. Се претпоставува дека Исмаил по разговорите со преставниците на британската влада се вратил назад во Либија. Британскиот Форин офис соопшти дека не сака да коментира со кого разговара, и потенцира дека во секој контакт јасно истакнува дека Гадафи мора да си замине. Малку познат во Либија и странство, Мохамед Исмаил е клучен човек во опкружувањето на синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам. Според доверливите депеши кои ги објави Викиликс, Исмаил бил преставник на Триполи во преговорите за купување на оружје. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.
Свет
Голем видовденски протест вечерва во Белград, студентите се огласија за ненадлежни за она што ќе се случува по 21 часот

Денес, кога Србија празнуива Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот, објави Нова.рс.
Студентите пред неколку дена објавија дека ако Владата не ги исполни нивните два барања, најавена е и граѓанска непослушност.
Првото барање е распуштање на Народното собрание, со цел да се распишат предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е Владата да апелира до Министерството за внатрешни работи до 21:00 часот на 28 јуни, во согласност со член 18 од Законот за јавни собири, кој се однесува на чл. 8 од истиот Закон, да се прекине наводно пријавениот собир во Пионирскиот парк и плоштадот Никола Пашиќ.
Свет
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако извештаите покажат загрижувачки заклучоци за збогатување на ураниум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека апсолутно ќе го преиспита бомбардирањето на нуклеарните објекти на Иран доколку смета дека е потребно, пишува „Си-ен-ен“
„Секако, без сомнение, апсолутно“, им рече Трамп на новинарите во брифингот во Белата куќа, кога директно беше прашан дали би размислил за бомбардирање на земјата доколку идните разузнавачки извештаи покажат загрижувачки заклучоци за збогатувањето на ураниум на Иран.
Трамп рече дека не верува дека Иран би можел „повторно да влезе во нуклеарната програма во скоро време“ по нападите на САД врз неговите нуклеарни објекти минатата недела.
Администрацијата продолжи да изразува доверба во успехот на тие напади, но не понуди никакви разузнавачки податоци за да го поткрепи тврдењето на Трамп дека нуклеарната програма на Иран е, според неговите зборови, уништена.
„Може ли да ви кажам – тие се исцрпени. И Израел е исто така исцрпен. Разговарав со едната и со другата земја, и двете сакаа тоа да се реши – и двете – и ние направивме одлична работа. Но, тие се исцрпени. Последното нешто за кое размислуваат во моментов е нуклеарното оружје. Знаете за што размислуваат? Тие размислуваат за утре, за тоа како да преживеат“, рече американскиот претседател.