Контакт

Свет

Украинците и понатаму јадат контаминирана и озрачена храна

Објавено пред

Повеќе од стотина илјади Украинци јадат контаминирана и озрачена храна од нуклеарната централа Чернобил и по четврт век од експлозијата, соопшти денеска невладина еколошка организација „Гринпис“.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од стотина илјади Украинци јадат контаминирана и озрачена храна од нуклеарната централа Чернобил и по четврт век од експлозијата, соопшти денеска невладина еколошка организација „Гринпис“.Во денешниот објавен извештај, „Гринпис“ наведе дека примероците од млеко, јагоди, компир и зеленчук од два украински региони покажуваат неприфатливо високо ниво на радиоактивен изотоп цезиум -137 кој води потекло од експлозијата во 1986 година.Тие два региона се наоѓаат северозападно од Украина, надвор од т.н „заштитна зона“ околу фабриката во која е забрането домување.Истражувачката на „Гринпис“, Ирина Лабунска ја критикуваше украинската влада поради прекината мерка за намалување на радијацијата во тие региони пред две години. Меѓу тие мерки било и снабдувањето на неконтаминираното сено за стоката која дава млеко./крај/бе/пк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Во моментов разговарам со Путин; Би-Би-Си: Значаен тајминг

Објавено пред

Иако сè уште не е познато кој го иницирал денешниот телефонски разговор, Доналд Трамп или Владимир Путин, неговото време е исклучително значајно бидејќи се случува непосредно пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа, пишува Би-Би-Си за телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.

dobivaj vesti na viber

Во последните недели, Москва испраќаше спротивставени сигнали за процесот на преговори со Соединетите Американски Држави. Процесот, кој започна со директна средба меѓу двајцата лидери во Алјаска на почетокот на август, навидум брзо замре, анализира медиумот.

Од руска перспектива, Трамп е единствениот западен лидер подготвен да се справи со „коренските причини“ за војната во Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров верува дека западните сојузници оттогаш се обидоа да го „заведат Доналд Трамп на погрешен пат“ убедувајќи го дека Путин всушност не сака мир.

Сепак, повеќето западни аналитичари се согласуваат дека Путин брзо ја изгуби довербата во процесот започнат во Алјаска. Веќе на почетокот на септември, тој се сврте кон полусрдечни понуди, вклучително и покана до Зеленски: „Ако е подготвен [за средба], нека дојде во Москва“. Таквиот предлог е практично нефункционален за лидерот на земја под целосна инвазија, според Би-Би-Си.

Според написите, малку е веројатно дека максималистичките барања на Путин за крај на војната се промениле. Сепак, Русија се чини сериозно загрижена за можноста Трамп да одобри испорака на ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би ја ставило и Москва во нивниот дострел.

Кремљ потврди дека се во тек разговори меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, според руските државни медиуми.

Двајцата лидери последен пат разговарале на 19 август, објави новинската агенција РИА, а разговорот се одржал неколку дена по нивниот самит во Анкориџ, Алјаска.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање во близина на основно училиште: има загинати, едно лице тешко повредено во Чешка

Објавено пред

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во пукотница што се случила во близина на основно училиште во градот Смржовка, во округот Јаблонец на северот од Чешка.

dobivaj vesti na viber

Според полициското соопштение, еден маж и една жена се убиени, додека осомничениот напаѓач е уапсен и однесен во болница со хеликоптер.

„На местото на злосторството е пронајдено оружје. Сите околности на овој трагичен настан се предмет на понатамошна истрага“, изјави портпаролката на полицијата Клара Јеничкова, додавајќи дека пукањето се случило во непосредна близина на локалното основно училиште.

Специјалните единици, пожарникарите и службите за итни случаи веднаш интервенирале, а учениците и персоналот на училиштето биле заклучени во зградата додека траела полициската операција.

– Училиштето испратило пораки до родителите дека децата се безбедни, но дека не можат да ја напуштат зградата додека не се разјасни ситуацијата – изјавила бабата на еден од учениците.

Таа додаде дека дошла да го земе внукот само неколку минути пред трагедијата:
„Го зедов во еден часот пред петнаесет и сè беше мирно. Не многу долго потоа, на пат кон дома, слушнав сирени и видов полициски автомобили. Сè уште се тресам од шокот.“

Според првичните информации, инцидентот не бил поврзан со училиштето, но се верува дека станува збор за личен конфликт кој ескалирал во вооружена пресметка во близина на образовната институција.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Светот во исчекување: Трамп и Путин разговараат по телефон, Зеленски чека

Објавено пред

Телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, започна, објави CBS, повикувајќи се на функционер на Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Претходно, американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на извор, објави дека двајцата лидери ќе разговараат по телефон.

Според написите, темата на разговорот ќе биде конфликтот во Украина.

Разговорот се одржува еден ден пред Трамп да го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Трамп и Зеленски ќе разговараат за можноста Украина да добие ракети со долг дострел Томахавк.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Трамп минатата недела изјави дека му објаснил на Зеленски дека може да му постави нов ултиматум на Путин: „или Русија ќе започне сериозни мировни преговори, или Украина ќе добие „томахавки“.“

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија6 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија7 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија8 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија9 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија9 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија9 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија9 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет12 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа12 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа12 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет12 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија23 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...