Свет
Дневница во „Фукушима“ пет илјади долари

Мисијата за спасување на нуклеарката „Фукушима-1 Даичи“ се справува со потешкотии, се’ помал е бројот на оние кои сакаат да се спуштат во нуклеарниот пекол
Поради тоа компанијата за нуклеарна енергија ТЕПКО се обидува да регрутира нови работници на кои им нуди висока дневница.Еден работник изјави дека компанијата му понудила дневница од 2.500 долари за работа која ја извршуваат роботи.„Во нормални околности ова е работа од соништата, но сопругата со солзи не ми дозволи да се пријавам, па поради тоа одбив. Работното време е помалку од еден час, но ризикот е преголем“, рече работникот.Неговиот 27-годишен колега Риута Фуџита изјави дека компанијата му понудила двојно повисока дневница за работа во реакторот два, но и тој ја одбил понудата.„Сум слушнал дека се вработуваат работници постари од 50 години и дека добро се платени, но јас сум млад и радијацијата ме плаши. Не сакам да работам веќе во нуклеарната електрана Фукушима“, рече Фуџита.ТЕПКО соопшти дека 18 вработени и тројца работници по договор во саботата биле изложени на радијација од 100 милисиверти.Просечната доза за работниците во нуклеарната електрана е 50 милизиверти за пет години.Минатата недела двајца работници од реакторот три примени се во болница бидејќи стапката на изложеност од радијација им била од 170 до 180 милизиверти/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски сенатор: Трамп планира да воведе стопроцентни царини за земјите што купуваат руска нафта

Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил.
Овие три земји купуваат околу 80 проценти од руската нафта по намалени цени, со што ја финансираат руската воена машинерија, според Греам, пренесуваат светските медиуми.
„Путин, твој ред е. Доналд Трамп ќе те среди. Тој ќе воведе царини за оние што купуваат руска нафта – Кина, Индија и Бразил“, изјави Греам за „Фокс њуз“.
„Овие земји ќе мора да изберат помеѓу Путин и американската економија“, додаде Греам.
Републиканскиот сенатор истакна дека плановите на Трамп би можеле да вклучуваат царини до 100 проценти за земјите што продолжуваат да соработуваат со Русија, доколку Москва не одговори на ултиматумот во врска со војната во Украина во рок од 50 дена. Тој го спореди тој потег со претходниот американски притисок врз Иран.
Изјавата на Греам доаѓа откако Трамп постави строг рок за Русија, а предлогот за нов пакет санкции против Москва веќе доби широка поддршка во Претставничкиот дом на САД.
Фото: принтскрин
Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Свет
Најжешкиот град во светот во Иран, вчера измерени речиси 50 степени

Најжешкиот град вчера беше Омдије во Иран, каде што биле измерени 49,6 степени, податоците се објавени на веб-страницата „Огимет“, која собира временски податоци од целиот свет.
На второ место беше градот во Иран, Ахваз, сместен во долината на реката Карун, со 48,6 степени.
Најстудената точка во светот беше Восток на Антарктикот, каде што беа измерени минус 74,2 степени.
Најсилниот ветер беше регистриран на Гренланд, налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во градот Хонавар.
Во Европа, вчера, според написите во светските агенции, најжешко беше во Турција, каде што дури осум града беа меѓу десетте најжешки.
42,6 степена беа измерени во Батман, 41,9 во Дијарбакир, 41,7 во Урфа. И два града во Шпанија беа меѓу десетте најжешки – Сјеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.
Во швајцарскиот врв Јунгфрајох беше нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа вчера напладне.
Фото: принтскрин