Свет
Франција интервенирала на барањето на Ки-мун
Нападите врз упориштето на Лоран Гбагбо, кои денеска во Абиџан ги извршија силите на Обединетите нации задно со француските воени сили, се реализирани по итно барање од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, упатено до францускиот претседател, Николас Саркози.
Нападите врз упориштето на Лоран Гбагбо, кои денеска во Абиџан ги извршија силите на Обединетите нации задно со француските воени сили, се реализирани по итно барање од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, упатено до францускиот претседател, Николас Саркози. Во писмото упатено до Саркози, Ки-мун оценува дека има „ итна потреба за покренување на одредени воени операции кои би ги неутрализирале тешко вооружените сили на Гбагбо кои го напаѓаат цивилното население и Сините шлемови“. Цели на заедничката акција на француските и силите на ОН биле палатата и резиденцијата на досегашниот претседател на Брегот на Слоновата коска, Лоран Гбагбо и две упоришта на неговата војска, стои во соопштението на Обединетите нации.„Соработувавме со француските сили во согласност со овластувањата и во согласност со резолуцијата 1975 на Обединетите нации“, рече портпаролот на силите на ОН, Хамандун Туре. Француската мировна операција во Брегот на Слоновата коска започна во 2022 година, на почетокот на граѓанската војна, кога силите влегоа во земјата како дел од воениот договор на Франција и Брегот на Слоновата коска. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон: Подготвени сме во краток рок да испратиме дополнителна војска на Блискиот Исток
Aмериканскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја овласти американската војска да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.
„Остин ја зголеми подготвеноста за дополнителни американски сили да се распоредат, за да можеме подобро да одговориме на различни непредвидени ситуации“, објави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер во соопштението.
„Остин јасно стави до знаење дека ако Иран или неговите сојузници го искористат овој момент за да го таргетираат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за одбрана на нашиот народ“, додаде тој.
Во соопштението на Пентагон се вели дека може да распореди сили на краток рок и дека САД се уште се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и деескалација на ситуацијата.
Свет
Бројот на загинати во поплавите и одроните во Непал се искачи на 148 лица
Бројот на загинати во поплавите и одроните предизвикани од монсунските дождови во Непал се искачи на 148, соопштија денеска тамошните власти.
Се трага по уште најмалку 55 лица, јави ДПА.
Обилните врнежи од дожд кои почнаа кон крајот на четвртокот го зафатија поголемиот дел од земјата, а особено обилни беа во источниот и централниот дел на земјата.
Портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки изјави дека најмалку 101 лице е повредено низ целата земја.
„Потрагата по исчезнатите се уште трае, а погодените семејства се преместени на безбедно. Веројатно ќе трае уште неколку дена“, рече тој.
Од саботата вечерта, тимовите за пребарување пронајдоа најмалку 35 тела во автобуси затрупани под земјиште околу Катманду. Непалската полиција соопшти дека се евакуирани вкупно 3.661 лице.
Повеќе од половина од жртвите се во главниот град Катманду и околните области.
Локалните медиуми јавуваат за најсилниот дожд во последните децении. Врнежите значително ја оштетија инфраструктурата, вклучувајќи патишта и мостови. Владата одлучи да ги затвори сите училишта на три дена.
Свет
Германија депортира 13.500 баратели на азил од Турција
„По неколкумесечни преговори со владата на Анкара, германската влада почна да депортира голем број турски граѓани во нивната татковина“, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ), повикувајќи се на извор од германската влада.
Според германскиот весник, со неколку редовни летови од различни германски аеродроми во Турција ќе бидат однесени вкупно 200 Турци.
„Тоа ќе биде почеток на решителни акции за депортација на Турците“, изјави извор од германската влада.
Според него, Турција наводно нудела секоја недела да зема до 500 нејзини граѓани од Германија.
Во исто време, Анкара, како и досега, одбива да дозволи депортација со чартер летови.
Сепак, се чини дека е подготвена да прифати такви летови во иднина, доколку тие се нарекуваат „специјални летови“.
Нивната депортација е комплицирана, бидејќи Турција „има големо геополитичко значење за Германија и е партнер во НАТО“.
Сепак, бројот на турски баратели на азил се зголеми толку многу минатата година што федералниот канцелар Олаф Шолц ја презеде работата под своја лична контрола минатиот октомври.
За време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ноември 2023 година, очигледно беше постигнат договор.
„Оттогаш Турција покажа голема волја за соработка“, изјави неименуван извор за германскиот весник.