Свет
Преглед на печат / Свет
„Њујорк Тајмс“ (САД) – „Ф.А.А. им нареди на авиокомпаниите да ги проверат боинзите 737 од пукнатини“, пишува дека Федералната служба на американското цивилно воздухопловство упатило допис до авиокомпаниите,
„Њујорк Тајмс“ (САД)
„Ф.А.А. им нареди на авиокомпаниите да ги проверат боинзите 737 од пукнатини“, пишува дека Федералната служба на американското цивилно воздухопловство упатило допис до авиокомпаниите, во кој се бара тие да извршат инспекции врз леталата „боинг 737“, за да проверат дали има некакви пукнатини на трупот. Ваквата препорака доаѓа откако минатата недела авион на „Саутвест ерлајнс“ принудно слета откако се појави дупка на отворот на леталото. Никој од патниците не беше повреден, но дел од нив се онесвестија поради недостаток на кислород.„Гардијан“ (Велика Британија)
„Хеликоптери на ОН отворија оган врз силите лојални на Лоренс Гбагбо“, пишува дека хеликоптер на Обединетите нации истрелал четири проектили врз силите на поранешниот претседател на Брегот на Слоновата Коска Лорен Гбагбо, со цел да спречат напади врз цивили. Немирите во главниот град на оваа земја, Абиџан продолжуваат, бидејќи поранешниот претседател одбива да ја предаде власта. „Чајна дејли“ (Кина)
„Русија лансираше вселенски брод со екипаж“, пишува дека од вселенскиот центар Бајконур бил лансиран вселенски брод со тројца астронаути. „Сојуз ТМА 21“ ќе се упати кон Меѓународната вселенска станица, каде што астронаутите ќе поминат 170 дена во вселената. Лансирањето е во чест на 50 годишнината од првиот лет во вселената на рускиот космонаут Јуриј Гагарин.„Москва Тајмс “ (Русија)
„Владата промовира популистички мерки“, пишува дека рускиот премиер Владимир Путин најавил зголемување на платите на руските учители, истовремено побарал од пратениците и другите официјални претставници да дозволат пристап до документите што се од јавен карактер. Ова било заклучено на вчерашната владина седница. Весникот коментира дека ваквите популистички мерки се случуваат во време кога наближуваат претседателските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.