Свет
Продолжува потрагата во Јапонија по исчезнатите во земјотресот и цунами
Јапонските власти денеска испратија 22 илјади војници, 90 авиони и 50 бродови во нова потрага по исчезнатите на брегот во североисточниот дел на земјата, по катастрофалниот земјотрес и цунами на 11 март годинава, соопштија во неделата медиумите во Токио
Билансот од земјотресот во кои загинаа 12.998 е сѐ уште привремен, но околу 15 илјади луѓе се водат како исчезнати.Авиони и хеликоптери ќе надлетуваат над поплавените зони, бреговите на реката и морето во должина од 300 километри, регион кој беше погоден од земјотресот и цунамито.„Помина цел месец, а уште толку многу има исчезнати под урнатините. Дневно пронаоѓаме од 80 до 100 тела. Треба сите да ги пронајдеме што порано“, изјави неименуван потпарол на јапонската војска.Американската војска учествува во операцијата со 110 војници и два авиона. Во операцијата во потрагата од минатиот викенд пронајдени се околу 80 тела.Речиси еден месец по мартовскиот разорен земјотрес со магнитуда од 9.0 степени по Рихтер, на 7-ми април североисточниот дел на Јапонија беше погоден од најсилните афтершокови. Магнитудата за овие два земјотреса кои се случија во четвртотко за нецела минута изнесуваше 7,1.и 7,4 степени по Рихтер. Јапонската полиција којашто е овластена за соопштување на сите официјални податоци, во вкупните податоци за жртвите ги вклучува и жртвите од потресите од 7-ми април, Според овие податоци во последните силни афтерошови загинале 7 лица во регионот на главниот град Токио, а жртви и повредени има и на исток од земјата.Во саботата во шестте префектурите погодени од земјотресот на 11-ти март и моќното цунами како исчезнати се регистрирани 14.865 луѓе. Така, според најновите податоци на јапонската полиција, вкупниот број загинати и исчезнати лица надминува 27.600 луѓе.Исто така, денеска јапонската полиција соопшти дека бројот лица кои се евакуирани и сместени во приовремените засолништа или останале без дом изнесува 153 илјади лица.Според последните информации од јапонското министерство за надворешни работи кои не се коригирани последната седмица, потврдена е смртта на 19 странски државјани во катастрофалниот земјотрес од 11-ти март. Според информациите од министерството за надворешни работи на Јапонија, меѓу жртвите на природната катастрофа се државјани на Кина, Јужна Кореја, Северна Кореја, Пакистан, Филипини, Канада и САД.Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метри.Целосно уништени 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти.Предизвикано од катастрофалниот земјотрес на 11-ти март цунамито коешто го зафати северо-источниот брег на Јапонија во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Разорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на смрт, е ослободен со кауција, објавија групите за човекови права и иранските државни медиуми. 26-годишниот Солтани беше уапсен минатиот месец додека земјата беше потресена од протести што предизвикаа насилна владина репресија, објави Си-Ен-Ен.
Тој беше приведен на 10 јануари во неговиот дом во Фардис, град на околу 40 километри западно од Техеран. Според државната телевизија IRIB, тој беше обвинет за „собирање и договарање против внатрешната безбедност на земјата“ и „пропагандни активности“ против режимот.
По неговото апсење, американскиот Стејт департмент и роднина на Солтани изјавија дека иранските власти имаат намера да го погубат. Иранското судство ги отфрли тврдењата како „измислени вести“, објави IRIB. Семејството на Солтани подоцна изјави дека неговата егзекуција е одложена. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека добил уверенија од „доверливи извори“ дека Иран не планира егзекуции и го предупреди Техеран да не го прави тоа, велејќи дека САД ќе „преземат силни мерки“.
Во саботата, Солтани беше ослободен со кауција, потврди норвешката организација за човекови права „Хенгау“. Неговото ослободување го потврди и иранскиот државен медиум „Прес ТВ“ во објава на Телеграм.
Неизвесната судбина на Ерфан Солтани стана еден од најмеѓународно следените случаи за време на масовните антивладини протести што го зафатија Иран минатиот месец. Иранските безбедносни сили одговорија со брутална репресија и продолжено исклучување на интернетот низ целата земја.
Свет
Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор, по неговите бројни закани кон карипската земја.
„Разговараме со народот на Куба, со највисоките функционери во Куба“, изјави американскиот претседател за новинарите во Флорида.
„Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој, но „мислам дека ќе постигнеме договор со Куба“.
Откако беше соборен претседателот во Венецуела, главниот сојузник на Куба, Доналд Трамп постојано ѝ се закануваше на владата на комунистичкиот остров.
Зборувајќи за „неуспешна“ и „нестабилна“ земја, тој истакна дека Куба „веќе ја нема Венецуела да ја поддржува“.
Трамп, кој веќе ги прекина испораките на венецуелска нафта за Куба по апсењето на Николас Мадуро на почетокот на јануари, во четврток потпиша извршна наредба со која се предвидува дека САД можат да воведуваат тарифи за земјите што продаваат нафта на Хавана.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.

