Свет
САД претпазливи во врска со мировниот план за Либија
Соединетите држави во понеделникот претпазливо реагираа на мировниот план за Либија изложен од Африканската унија соопштувајќи дека чекаат да ги видат деталите од тој план, пишува вечерва Reuters
Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон го повтори американскиот став дека либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи мора да отстапи од власта и да замине од земјата, но тоа не го вклучила во списокот со барања за кој „нема преговори“.Неименуван функционер на Стејт департментот за Реутерс изјавил дека тоа изоставување не било намерно, и дека тоа сугерира дека Клинтон можеби се обидува да „остави отворена врата“ за комуникација со што би ја оставила во оптек мировната иницијатива на Африканската унија, и покрај тоа што овој план веќе го отфрли либиската опозиција.„Тоа не е намерно. Нашиот став останува дека Гадафи мора да си замине“, изјавил цитираниот функционер.Претходно јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, кој ја предводи делегацијата на Африканската унија, изјави дека Гадафи го прифатил планот кој вклучува и предлог за прекин на огнот. Како што забележува агенцијата, Хилари Клинтон на прес-конференцијата избегнувала да одговори на прашањето за ставот на САД во врска со мировниот план, изјавувајќи дека добила приказ на планот и информации како него го примиле двете страни, но дека очекува дa го види во целост. Клинтон не одговорила на прашањето дали во предлогот се бара Гадафи да ја напушти власта. „Многу јасно кажавме дека сакаме прекин на огнот. Сакаме силите на либискиот режим да се повлечат од подрачјата во кои насилно влегоа. Сакаме де се обнови снабдувањето со вода, струја и други потреби во градовите кои беа брутално нападнати од силите на Гадафи. Сакаме хуманитарната помош да дојде до либискиот народ. За тие услови не може да се преговара“, рекла Клинтон пред новинарите.„Веруваме дека треба да дојде до транзиција која ќе ја одразува волјата на либискиот народ и заминувањето на Гадафи од власта и од Либија“, додала американската државна секретарка на прес-конференцијата која во Вашингтон ја одржала заедно со финскиот министер за надворешни работи Александер Стуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

