Свет
Бројот жртви во Минск се зголеми на 12
Белоруската полиција направила фотороботи на двајца претпоставени извршители на нападот во метрото во Минск, изјави за медиумите министерот за внатрешни работи на Белорусија, Анатолиј Кулешов.
Белоруската полиција направила фотороботи на двајца претпоставени извршители на нападот во метрото во Минск, изјави за медиумите министерот за внатрешни работи на Белорусија, Анатолиј Кулешов. Како што пренесува белоруската новинска агенција БЕЛТА, во експлозијата која вчера се случи на станицата „Октомврискаја“ од подземната железница во главниот град Минск, според последните болнички извештаи загинале 12 лица, 195 се обратиле за медицинска помош, 157 биле хоспитализирани од кои 40 биле во сериозна состојба, а 26 во многу тешка. Како што пишуваат белоруските медиуми, голема среќа било што експлозијата во подземната железница не предизвикала стампедо на патниците.„Направивме два фоторобота според описи на граѓаните кои биле очевидци на експлозијата“, рече првиот човек на белоруската полиција, Анатолиј Кулешов. Според него, станува збор за двајца мажи кои се осомничени за подметнување на експлозијата. Запрашан од новинарите дали е точно дека полицијата добила информации уште во саботата за две жени кои изгледаат како „бомбаши-самоубијци“, Кулешов одговорил дека не се трага по ниедна жена.Главниот обвинител на Белорусија ја квалификуваше експлозијата како терористички чин. Експлозивната направа содржела метални топчиња и имала моќност од седум килограми ТНТ, а била поставена под клупа за седење. Во тоа време при доаѓањето на возот на станицата имало околу 300 лица, додал Кулешов.Белорускиот претседател Александар Лукашенко кого Западот го обвинува за авторитарност бидејќи на чело на државата е од 1994 г., неколку часа по експлозијата ја поврзана со нерешениот случај од нападот во 2008 г. во кој за среќа и покрај големиот број повредени, немаше загинати. Лукашенко рече дека не ја исклучива можноста дека станува збор за „ подарок однадвор“, но и дека треба да се испитаат и сите внатрешни врски.Кулешов, исто така, во продолжение на прес-конференцијата рекол дека сите човечки и технички ресурси на белоруската полиција се ставени во состојба на зголемена готовност. „Посебно внимание се посветува на безбедноста на јавни места, во подземната железница каде се засилени со детектори за метал сите терминални станици, а на крајните станици се поставени 15 стационарни детектори за метал“, рекол министерот за внатрешни работи на Белорусија, додавајќи дека потрагата ќе продолжи се’ додека не бидат откриени виновниците за експлозијата. Се’ уште не се изнесуваат други детали за експлозијата којашто одекна на метро станицата „Октомврискаја“ во понеделникот во 17,58 по локално време, во терминот на вечерниот сообраќаен шпиц.Експлозијата се случила, веројатно во последниот вагон на една композиција, наведува агенцијата БЕЛТА повикувајќи се на изјави од повеќе сведоци. Детонацијата не била силна, туку придушена или како што ја споредиле некои од присутните во метрото во време на експлозијата – како кога се отвора шише шампањско. Пламен речиси и воопшто да немало, а евакуацијата била извршена за пет минути./крај/блт/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

