Свет
Контакт групата за Либија побара повлекување на Гадафи
Министрите за надворешни работи на земјите членки на контакт групата за Либија денеска по состанокот во главниот град на Катар, Доха, побара повлекување на либискиот лидер Моамер Гадафи, објавувајќи ги плановите да се создаде „финансиски механизам“ за помош на неговите противници.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на контакт групата за Либија денеска по состанокот во главниот град на Катар, Доха, побара повлекување на либискиот лидер Моамер Гадафи, објавувајќи ги плановите да се создаде „финансиски механизам“ за помош на неговите противници. „Членките на групата беа единствени и решителни. Гадафи и неговиот режим го изгубиле целиот легитимитет, и тој треба да ја напушти власта, овозможувајќи му на либискиот народ да одлучува за својата иднина“, се вели во соопштението издадено по состанокот во Доха што го цитира „Ројтерс“ (Reuters). Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе изјави дека „прекин на огнот“, е можен само по повлекувањето на војниците од Гадафи градовите што ги држат во „заробеништво“. „Целта е јасна, Гадафи треба да си замине, но потребно е политичко решение. Ние мора да продолжиме да обезбедуваме силен и активен притисок да го убеди Гадафи дека не му преостануваат излези од сложената ситуација“, изјави Жипе. Контакт групата одлучи да започне „привремено финансирање-механизам за помош на бунтовниците кои ја контролираат источна Либија, јавува „Франс прес“ (Agence France-Presse). „Одлуката за формирање привремен финансиски механизам за обезбедување помош од меѓународната заедница на Националниот совет на Либија (формиран од страна на бунтовниците) е за потребите на државата““, се вели во соопштението на Контакт групата. Претходно на состанокот во Доха, претставникот на Италија рече дека министрите за надворешни работи размислувале за создавање посебен фонд за помош на либиските бунтовници од средствата на режимот на Гадафи и со него поврзаните структури, кои беа замрзнати набргу по избувнување на масовните демонстрации во Либија. Либискиот Националниот совет, кој се нарекува себеси единствен легитимен орган во земјата, побара од западните влади да му биде доставена помош за хуманитарните потреби во висина од 1,5 милијарди долари во замена за нафта. Контакт групата ја сочинуваат повеќе европски држави, САД и неговите сојузници од Блискиот Исток. Како што е соопштено порано, портпаролот на Министерството за надворешни работи Италија, Маурицио Масари најави дека следниот состанок на групата ќе се одржи во првата седмица од мај во Италија. Одлука за формирање на Контакт групата за Либија беше донесена кон крајот на март на меѓународната конференција во Лондон. „Групата треба да одржува целокупна политичка координација на меѓународните напори во тесна соработка со Обединетите нации, Африканската унија, Арапската лига, Организацијата на Исламската конференција и Европската унија за поддршка на Либија“, се наведува во документот усвоен на конференцијата. Предлогот за формирање на контакт групата дојде од премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон. Според него, оваа структура ќе биде „способна да даде поддршка на политичките напори на либискиот народ“. Во средината на февруари во Либија почна масовни демонстрации на кои демонстрантите побараа од Моамер Гадафи, кој 40 години владее со земјата, да се повлече од власт. Протестот подоцна се претвори во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Меѓународни организации велат дека во судирите има илјадници жртви, либиските власти го негираат ова. /крај/ро/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.