Свет
ФБИ тврди дека е уапсен „мозокот“ на сомалиските пирати
Американските власти го притвориле државјанинот на Сомалија, Мохамад Шибин кој се смета за еден од главните организатори на пиратството во крајбрежјето на земјата и е осомничен за вмешаност во убиството на четворица Американци од јахта „Quest“
Ова стои во писменото соопштение на американското Федералнo истражно биро (ФБИ) пбајвено во четвртокот.Сомалиските пирати на 18-ти февруари годинава во водите 430 километри од брегот на Оман ја земаа во заложништво американската јахта на којашто имаше четири државјани на САД. Во документите на ФБИ се вели дека додека јахтата била држена во заложништво од 14 до заби вооружени пирати, Мохамад Шибин кој не бил присутен на бродот, ја осмислил и раководел од страна со целата операција на грабнување. Кога во акција за ослободување на заложниците тргна американскиот воен брод „USS Sterett“, американската армија добила сознанија дека како главен организатор на операцијата се јавува личност по името Шибин. Според сознанијата на ФБИ, тој сето време преку интернет собирал информации за тоа колку се богати секој од заложниците, обидувајќи се да разбере колкав откуп може за нив да се побара. Како што беше информирано порано, во еден момент пиратите на јахтата очигледно ги загубиле нервите, а еден од нив без директен повод на воениот брод „Sterett“ стрелал од ракетен фрлач. Во текот на истиот ден, пиратите неиспорвоцирани од никого, без никаква причина ги застрелаа сите четири патници. По убиството на заложниците, откако припадниците на екипажот на „Sterett“ ги слушнале истрелите, извршија акција на јахтата, заробувајќи ги сите 14 пирати. Околностите за апсењето на Шибин не се обелоденети. Познато е само дека уште на 8-ми март сојузен истражен совет на поротници го обвини за обид за грабнување на американската јахта и киднапирање на четворица американски заложници кои беа убиени пред војската да преземе акција за нивно ослободување. Исто така, истиот ден беше подигнато обвинение и за неговите 14 соучесници. Забрането беше објавување делови од обвинението се’ до моментот на неговото изведување пред судот што се случило во средата на 13-ти април, во Норфлок, во сојузната држава Вирџинија. Се претпоставува дека судењето ќе продолжи на 29 ноември годинава. „Апсењето на Мохамад Шибин е значаен чекор напред во борбата на САД против пиратството. Во средата американската влада првпат одреди притвор и покрена обвинение за пират кој се јавува како водач во неговата област“, се споменува во соопштението на федералниот обвинител Нил Мекбрајд што го цитира Reuters. Мекбрајд изјави дека се надева оти апсењето на Шибин ќе нанесе „силен удар во самото срце на пиратството“ . Ако вината на Шибин и неговите 14 соучесници биде докажана, тие се соочуваат со казна доживотен затвор./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.