Свет
СЗО: размена на примероци на вируси во замена за вакцини
Примероци на вирусите во иднина ќе се разменуваат на глобално ниво,, во замена за вакцините кои од нив ќе бидат произведени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)
Од СЗО истакнуваат дека размената е резултат на историскиот договор, чија цел е да се зголеми нивото на подготвеност за можните пандемии на грип.Преговорите помеѓу 193-те земји – членки на СЗО започнаа пред четири години, кога во југоисточна Азија се појави смртоносниот вирус Х5Н1. Една година подоцна, Индонезија престана да ги разменува примероците од вирусот со другите членки на СЗО, барајќи го својот дел од вакцините. На последната рунда преговори во Женева, кои траеја до доцна синоќа, договорен е предлог – договор, кој треба да го потпишат сите членки, вклучувајќи ги и САД, кои последни го потпишаа предлогот.„Преговорите се завршени. Рамковниот договор е постигнат“, изјави кусо ко-претседателот на преговорите кои беа затворени за јавноста, Хуан Хозе Гомез Kамачо од Мексико.Како што се вели во рамковниот договор, земјите би ги разменувале примероците од вирусите со мрежата на лаборатории на СЗО, во замена за вакцините кои би биле произведени од истите тие вируси и тоа по многу поволни услови. Фармацевтската индустрија со договорот се обврзува дека ќе донира лекови и знаење, со што ќе покрие половина од 58-те милиони долари потребни за годишните трошоци за поефикасна борба против пандемиите на грип во сиромашните земји.Министрите за здравство на земјите – членки би требало да го потпишат рамковниот договор, кој го вклучува и придонесот на фармацевтската индустрија, на редовниот годишен состанок на СЗО, кој годинава ќе се одржи од 16-ти до 24-ти мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.
Свет
Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „веќе ја започнал Третата светска војна“ и дека единствениот одговор на тоа е силен воен и економски притисок врз Москва.
Во интервју за Би-Би-Си, дадено во Киев во пресрет на четиригодишнината од почетокот на руската инвазија, Зеленски рече дека верува оти конфликтот има пошироки глобални последици.
„Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територии ќе може да заземе и како да го запреме…“, изјави Зеленски за Би-Би-Си.
Според него, Русија се обидува да наметне поинаков начин на живот и да ги промени изборите што луѓето ги направиле.
„Русија сака да му наметне на светот поинаков начин на живот и да ги промени животите што луѓето ги избрале“, рече украинскиот претседател.
Зеленски истакна дека, според него, единствениот одговор е „силен воен и економски притисок“ за Путин да биде принуден да се повлече.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

