Свет
Либиските бунтовници се повлекуваат на исток
Силите на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи во неделата се пред Аџдабија, потиснувајќи ги на исток бунтовниците кои сепак зачувале некои позиции во градот а даваат отпор и во опколената Мисрата
Со поддршка на воздушните удари на НАТО, претходните денови бунтовниците напредуваа 40 километри кон Брага на исток, 80 километри западно од Аџдабија. Но веќе во недеалата наутро силнитге напади врз западниот приод на стратешки важниот град Аџдабија, ги принудија на бекство во самиот град стотиците бунтовници и жители, јавува дописникот на AFP според чии процени, силите на полковникот Моамер ел-Гадафи, најверојатно се на 20 километри од градот. Според последните информации од неделата навечер, војниците на Гадафи сопреле со канонадите по што бунтовниците во градот се разместиле по главните сообраќајници поставувајќи барикади доколку либиската армија реши повторно да нападне и да се обиде да се пробие во Аџдабија. Во неделата во ракетирањето на бунтовничките позиции кои се на половина пат меѓу Брега и Аџдабија загинале осум лица, а 27 биле ранети.Во Мисрата, којашто е единствениот град што бунтовниците го држат во западниот дел од земјата, загинале 16 луѓе а 71 се ранети, соопштиле болнички извори. Борбите во неделата попладне продолжиле во Мисрата со уште поголем интензитет. Бунтовниците соопштија дека во текот на минатата ноќ ги заземале позициите на војската на Гадафи.Агенциите наведуваат дека во Мисрата либиската армија ги користи забранетите од 2010 г. касетни бомби, но режимот на Гадафи тоа го негира.Позападно, режимските сили ја бомбардираа околината на градот Налут, десетина километри од границата со Тунис. Жителите на Налут претходно во колони се упатиле кон градот Зентен, 120 километри поисточно барајќи засилување во пружањето отпор, сведочејќи за жестоки борби. Силите на Гадафи се обидуваат да ја заземат должината на границата, којашто инаку е официјално затворена од двете страни, но сепак на некои места има преминувања и според режимот внесување оружје. Во саботата околу три илјади Либијци избегаа во западните планини во настојувањето да дојдат до Тунис, соопшти Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) на Обединетите нации. Францускиот министер за одбрана, Жерар Лонже во неделата оцени дека постои „извесна опасност за продолжување“ на судирите во Либија, бидејќи либискиот лидер и неговата земја „не се сосема предвидливи“. Претседателот на Европската унија, Херман ван Ропмуј, изјави дека „треба да се продолжи со воениот притисок“ врз Либија потврдувајќи дека заминувањето на Моамер ел-Гадафи е „главната задача“ на коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија се бори за својата иднина, вистина и независност
Русија се бори за својата иднина и независност, за вистина и правда, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на доделувањето на државните награди на Хероите на Русија во Кремљ.
„Денес во Кремљ не се собираат само професионалци со огромно искуство и беспрекорна обука. Тоа се команданти кои од самиот почеток на воената операција се бореле заедно со своите војници, споделувајќи ги сите искушенија со своите другари. Тоа се луѓе со цврсти морални принципи и идеали, вистински патриоти на Русија“, рече Путин на церемонијата во Кремљ, пренесува РИА Новости.
Рускиот лидер истакна дека нивната храброст и решителност им помогнале успешно да извршуваат операции во најсложените области и насоки.
Денес, Русија го слави Денот на бранителите на татковината, а Путин им го честиташе празникот на војниците, заблагодарувајќи им се за нивната служба, лојалноста кон нивните заклетви и наследството на многу генерации предци.
Свет
Сибиха: Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник
Унгарија и Словачка не можат да ја држат целата Европска Унија како заложник, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, повикувајќи ги лидерите на тие земји да се вклучат во конструктивна соработка и да покажат „одговорно однесување“.
„Денес, на Советот за надворешни работи на ЕУ, повторив дека унгарските и словачките ултиматуми треба да бидат упатени само до Кремљ“, напиша Сибиха на својот профил на мрежата Икс.
Тој им се заблагодари на ЕУ и европските партнери за нивната поддршка на Украина, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил состојбата во Европа.
„Путин целосно погрешно ја процени ситуацијата во врска со Украина. Русија се обиде да ја заплаши и подели Европа, но наместо тоа се соочи со невидено единство и нова европска сила која се вооружува и се шири. Ја нагласив подготвеноста на Украина да промовира мир и се залагав за поголемо европско учество во мировниот процес, истовремено истакнувајќи го лидерството на Соединетите Американски Држави“, рече Сибиха, пренесува Танјуг.
Според него, подготвеноста на Русија да ја заврши војната или да преземе сериозни чекори кон мир сè уште не е видлива.
„Повикуваме на зголемен притисок врз Москва. Потребна е целосна забрана за влез на учесници во руската агресија и нивните роднини“, рече Сибиха, додавајќи дека ЕУ треба да инвестира во украинската одбранбена индустрија.
Тој, исто така, повика на воведување на 20-тиот пакет европски санкции против Русија. „Исто така, треба да ја направиме 2026 година, година на успешно спроведување на програмата SAFE за заеднички одбранбени иницијативи и континуиран придонес кон иницијативата PURL на НАТО за критично американско оружје“, смета Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да ги исполни сите услови за полноправно членство во ЕУ. „Пристапувањето на Украина, Молдавија и Западен Балкан претставува геополитичка, безбедносна и економска неопходност“, заклучи Сибиха.
Свет
Германија трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст
Германија е сè уште трета најголема економија во светот и покрај бавниот економски раст, според податоците објавени денес од Институтот за германска економија (IW) од Келн.
Според проценките, бруто домашниот производ (БДП) на Германија во 2025 година изнесувал околу 5,052 трилиони долари, надминувајќи го јапонскиот 4,431 трилион долари и паѓајќи на четвртото место во споредба со претходната година.
На прво место се Соединетите Американски Држави со БДП од 30,779 милијарди долари, а на второ место е Кина со 19,513 милијарди долари.
Експертот на IW, Михаел Гремлинг, забележува дека Германија и Јапонија заостануваат зад двете најголеми глобални економии, кои растат многу подинамично и се потпираат на високата технологија и развојот на вештачката интелигенција.
БДП на Германија порасна за 0,2 проценти во реални услови во 2025 година, за прв пат по две години контракција, но нивото на производство е сè уште приближно на нивото од 2019 година, пред пандемијата на коронавирусот. Според прогнозата, германската економија ќе ја задржи својата позиција како трета најголема економија во светот во 2026 година, со мал раст од еден процент благодарение на државните инвестиции, пренесува Танјуг.
Институтот од Келн предупредува дека Германија ќе ја изгуби третата позиција на долг рок поради силниот економски раст на Индија.

