Свет
Нови насилства избувнаа во Јемен

Едно лице загина во Јемен, а најмалку осуммина се ранети кога напаѓач на мотор отворил оган на кампот на анти-владините демонстранти во крајбрежниот град ал-Худајда, јавува Al Jazeera
Едно лице загина во Јемен, а најмалку осуммина се ранети кога напаѓач на мотор отворил оган на кампот на анти-владините демонстранти во крајбрежниот град ал-Худајда, јавува Al JazeeraНападот се случил кога демонстрантите, кои кампуваат на градскиот плоштад ал-Наср, ги извршувале утринските молитви, а многумина од нив се уште спиеле.Во меѓувреме, агенцијата АФП извести дека еден полицаец е убиен, а уште тројца се ранети од страна на демонстрантите во Аден, главниот пристанишен град во јужен Јемен. Последниот бран насилства се случи само еден ден откако Советот за безбедност на ОН по прв пат се состана за да дискутира за ситуацијата во земјата. Советот ги повика сите страни „да покажат воздржаност и да започнат темелни преговори за реализација на легитимните барања на јеменскиот народ“. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.