Свет
Нови судири меѓу Талјанд и Камбоџа
Најмалку еден тајландски војник е убиен денеска во нов судир меѓу тајландските и камбоџанските војници во пограничните области, со што бројот загинати на двете страни во дводневните судири се зголеми на осум лица.
Најмалку еден тајландски војник е убиен денеска во нов судир меѓу тајландските и камбоџанските војници во пограничните области, со што бројот загинати на двете страни во дводневните судири се зголеми на осум лица.Илјадници селани се евакуирани од спорната област обрасната со џунгла околу храмовите Та Моан и Та Крабеи, каде се водат престрелките. Генералот на армијата на Тајланд, Таватчаи Самутсакорн изјави дека еден војник е убиен во престрелката од саботата. Според болнички извори, најмалку 13 војници се ранети. Со тоа најмалку 32 војника на двете страни се ранети од судирите кои избувнаа во петокот, а осум се убиени. Министерството за одбрана на Камбоџа остро ги осуди „повторените смислени акти на агресија“ и го повика Тајланд да ги прекине непријателствата кон Камбоџа за да се речи граничниот спор. Исто така, министерството наведува дека „цел на тајландските напади е да се преземе контролата над камбоџанските храмови“. Тајланд тврди дека храмовите Та Моан и Та Крабеи се наоѓаат во неговата покраина Сурину во согласност со катастарските премерување од 1947 г. Камбоџа, пак, тоа не го признава и смета дека храмовите се наоѓаат на нејзина територија. Во февруари годинава судирот меѓу единиците на армиите на двете земји траеја четири дена и во нив имаше повеќе од десет загинати и ранети. Тензиите околу подрачјето во областа во којашто се наоѓа древниот будистички храм Преах Вихар траат повеќе десетина години. И двете земји тврдат дека полагаат право на древниот храм кој Меѓународниот суд на правдата во 1962 г. и4 го додели на Камбоџа.. Пред три години Преах Вихар беше ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО што предизвика одушевување во Камбоџа и бес во Тајланд.Покрај тоа, дополнителни проблеми предизвикува и фактот што неколку зони долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа не се разграничени, што ги поттикнува оспорувањата меѓу двата соседа како и честите оружени инциденти во кои и во периодот меѓу 2008 и 2009 г. имаше повеќе загинати и ранети. ./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

