Свет
Почина хиндуистичкиот гуру Саи Баба
Хиндуистичкиот гуру Сатја Саи Баба, кого милиони следбеници ширум светот го сметаа за жив Бог, почина денеска во Индија на 86 години, изјавил еден од неговите доктори за медиумите.
Хиндуистичкиот гуру Сатја Саи Баба, кого милиони следбеници ширум светот го сметаа за жив Бог, почина денеска во Индија на 86 години, изјавил еден од неговите доктори за медиумите. Недалеку од својот храм во селото Путапарта во јужната индиска држава Андра Прадес, Саи Баба повеќе од три недели беше приклучен на апарати за дишење и дијализа во болница, додека лекарите се бореа за да го спречат откажувањето на неговите витални органи, пренесува Бета.Саи Баба имаше свои следбеници во повеќе од 126 земји. За него се говореше дека „изведува чуда“, но во неколку наврати беше обвинуван и за сексуално злоставување и лажни „чуда“.Тој ги негираше ваквите обвинувања и никогаш против него не беше подигнато официјално обвинение ниту беше осуден за било какво злосторство.Следбениците на Саи Баба се собраа по вестите за неговата смрт околу храмот во Путапарта. Телото на Саи Баба ќе биде донесено во тој храм, каде ќе остане до вторник. Се очекува на неговиот погреб да се соберат стотици илјади луѓе.Од пред неколку недели кога здравствената состојба на Саи Баба се влоши, околу храмот беше присутно силно полициско обезбедување кое постави барикади на патиштата за да го оневозможи сообраќајот во селото и да го контролираат бројот на луѓе околу храмот.Саи Баба е роден на 1926 во Путапарта и се викал Сатјанарајан Раџу. Себеси во 1940 се прогласи за „аватар“ (симнување на Бог на земјата) или реинкарнација на хиндуистичкиот светец Саи Баба од Ширдија, градот во западната индиска држава Махарастра, кој почина во 1918 година. Саи Баба не се женел и немал деца./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.