Свет
Русија и Грција разговара со Либија за примирје
Претстаници на Русија и Грција разговарале со либиската влада за спроведување на прекин на огнот, соопшти државната либиска агенција JANA, откако силите на режимот на Моемер ел-Гадафи почнаа повлекување од опсадената Мисрата.
Претстаници на Русија и Грција разговарале со либиската влада за спроведување на прекин на огнот, соопшти државната либиска агенција JANA, откако силите на режимот на Моемер ел-Гадафи почнаа повлекување од опсадената Мисрата. Либиската агенција соопшти дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на либискиот премиер Ал Багдади Ал-Махмуди во саботата навечер му рекол дека Москва може да испрати набљудувачи кои би го надгледувале примирјето и би отвориле пат кон изнаоѓањето на мирно решение на судирот во Либија.Според JANA, Лавров овој предлог на ал-Махмуди му го соопштил во телефонски разговор, а според агенцијата Лавров рекол „Русија е со либискиот народ“.Лавров и Махмуди во разговорот го истакнале спроведувањето на примирјето што го најави Либија, додава агенцијата во својот извештај.„Ставот на Русија е насочено на мирно решавање и на нејзината подготвеност да испрати набљудувачи за надзор на примирјето. Лавров истакнал дека Русија за тоа ги известила Обединетите нации“, пишува JANA. Москва инаку не го коментираше сѐ уште.Либиската државна агенција дека премиерот Махмуди разговарал и со грчкиот колега Јоргос Папандреу и „ја повторил либиската посветеност на резолуцијата 1973 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, како и на мировната иницијатива на Африканската унија. Извори од грчката влада за Reuters го потврдил контактот додавајќи дека до него дошло по иницијатива на либиската страна./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

