Свет
Папата ја повика Европа да ги прифати бегалците од Либија
Папата Бенедикт XVI во денешната велигденска порака Urbi et Orbi (на градот и на светот), на ватиканскиот плоштад „Св. Петар“ рече дека овој радосен ден е засенет од војната во Либија и ја повика Европа да ги прифати очајните бегалци кои бегаат од судирите во северна Африка.
Папата Бенедикт XVI во денешната велигденска порака Urbi et Orbi (на градот и на светот), на ватиканскиот плоштад „Св. Петар“ рече дека овој радосен ден е засенет од војната во Либија и ја повика Европа да ги прифати очајните бегалци кои бегаат од судирите во северна Африка.Пред повеќе од 100.000 луѓе собрани на плоштадот, украсен со 42.000 цветови од Холандија, Папата (84) ја служеше велигденската миса и во пораката говореше за спротивноста помеѓу радоста на Велигден и војните, сиромаштијата и патењето ширум светот.Говорејќи за Либија, каде во судирите во последните три месеци животите ги загубија голем број на луѓе, Бенедикт XVI побара дипломатијата и дијалогот да го заменат оружјето. Исто така повика на овозможување на доставата на хуманитарната помошдо оние на кои најмногу им е потребна. Папата повика и на почитување на човековите права на Блискиот исток и северна Африка. Апелираше до Европа да ги прифати бегалците од овие подрачја.„Нека дојде помош од сите страни за оние кои бегаат од судирите и бегалците од разните африкански земји кои мораа да го напуштат се она што им е драго. Нека сите луѓе ги отворат своите срца за да ги прифатат во духот на солидарноста“, рече Бенедикт XVI кој исто така повика на мирен соживот во Брегот на Слоновата Коска и на помирување и простување.Папата по велигденската порака додели апостолски благослов за сите и го честиташе Велигден на 65 јазици./крај/онаса/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

