Свет
Ј.Судан: Во судирите на војската и бунтовничката милиција, 57 мртви
Претставниците на Јужен Судан соопштија дека најмалку 57 луѓе загинале во борбите помеѓу владините сили и бунтовничката милиција.
Претставниците на Јужен Судан соопштија дека најмалку 57 луѓе загинале во борбите помеѓу владините сили и бунтовничката милиција.Шефот на Информативното одделение на војската на Јужен Судан, рече дека во борбите помеѓу бунтовниците, кои ги предводи мајорот Габриел Тенџинај и државните сили се повредени и повеќе стотици луѓе во областа Џанглеи.Тенџинај, кој беше поддржуван од страната на Картума, палел и ограбувал села покрај Нил во текот на децениите на долгата граѓанска војна помеѓу северот и југот на Судан.Тој продолжил да му служи на северот и по потпишувањето на мирот во 2005 година.Иако првенствено ја прифатил општата амнестија и реинтеграција во војската на Јужен Судан, кон крајот на минатата година продолжил со борбите и остана нејасно со кој сега се бори, оценува AP./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

