Свет
Борбите во Мисрата продолжуваат со сита жестина
Тешки борби и денеска се водат во опколениот град Мисрата на западот на Либија, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а 71 се тешко ранети, а силите лојални на Моамер Гадафи се повлекоа од уште неколку делови на третиот по големина град во земјата
Заменик-министерот за надворешни работи на Либија, Калед Каим денеска соопшти дека армијата ги запрела операциите против бунтовниците во Мисрата, но не го напуштила градот, со цел да им овозможат на локалните племиња заеднички да најдат решение.„Вооружените сили не се повлекоа од Мисрата. Тие едноставно ги суспендираа операциите“, соопшти Каим на прес-конференција во Триполи и додаде дека ако бунтовниците не се предадат во наредните два дена, вооружени припадници на локалните племиња ќе се борат во градот наместо армијата.Жителите на градот јавуваат за тешки борби, гранатирање и експлозии во источниот и во јужниот дел на Мисрата. Во градот вчера се водеше најжестоката и најкрвавата битка од почетокот на судирите, со преку 100 загинати. Според медицински извори, најголемиот дел од загинатите и ранетите биле повредени од замките кои ги поставиле војниците а Гадафи, кои оставале експлозивни направи на разни места, од оставено оружје до трупови на луѓе. Портпаролот на бунтовниците во нивното упориште Бенгази, Сафи Един ал-Монтасер, пак, изјави дека повлекувањето на силите лојални на Гадафи е „трик“ и ги предупреди борците во Мисрата да внимаваат на, како што рече, „валканата игра на Гадафи“. Тој исто така негираше дека е Мисрата е целосно ослободена, како што вчера тврдеа некои бунтовници од Мисрата и појасни дека тие најверојатно мислеле дека е ослободена главната улица во градот, улицата „Триполи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Иран, жените добија дозвола да возат мотоцикли и скутери
Првиот потпретседател на Иран, Мохамад Реза Ареф, ја потпиша резолуцијата, која беше одобрена од Советот на министри на крајот на јануари, а со која на жените им се дава дозвола за возење мотоцикли и скутери.
Жените во Иран сега можат формално да добијат возачка дозвола за мотоцикли и скутери, објавува агенцијата „Илна“, со што се завршува долгогодишната правна несигурност околу возењето на овие двотркални возила, објавува „Фигаро“.
Според сообраќајниот закон, на жените не им било експлицитно забрането да ги возат, но во пракса властите не им издавале дозволи.
Поради оваа двосмисленост, жените биле законски одговорни во случај на несреќа, дури и кога самите биле жртви.
Законот сега ја обврзува сообраќајната полиција да „обезбеди практична обука за кандидатките, да организира испит под директен надзор на полицијата и да им издава возачки дозволи за мотоцикли на жените“, прецизираше „Илна“.
По Исламската револуција во 1979 година, на жените им беше забрането да се занимаваат со одредени активности некое време, а посебен предизвик за нив беа правилата за облекување – тие мораа да ја покријат косата со шамија (хиџаб) во јавност и да носат скромна облека.
Свет
(Видео) Новинарка: Што би им рекле на жртвите на Епстин? Трамп: Вие сте најлошата новинарка
На социјалните мрежи се прошири снимка од бизарниот одговор на американскиот претседател Доналд Трамп на прашање од новинарка на Си-Ен-Ен, поставено на неодамнешна прес-конференција.
Новинарката на Си-Ен-Ен, Кејтлин Колинс, го праша американскиот претседател Доналд Трамп: „Што би им порачале на жртвите на Епстин?“
Трамп ѝ одговори: „Вие сте толку лоши. Вие сте најлошата новинарка. Не е ни чудо што Си-Ен-Ен нема гледаност поради луѓе како вас. Таа е млада жена (зборува за новинарката, н.з.). Никогаш не сум ве видел да се смеете. Треба да ве биде срам.“
KAITLAN COLLINS: What would say to Epstein survivo—
TRUMP: You are so bad. You are the worst report. No wonder CNN has no ratings. She’s a young woman. I don’t think I’ve ever seen you smile. They should be ashamed of you. pic.twitter.com/lmSpVz8wXX
— Aaron Rupar (@atrupar) February 3, 2026
Американското Министерство за правда неодамна објави милиони страници документи, фотографии и видеоснимки поврзани со истрагите за сексуалните злосторства на Џефри Епстин, осуден сексуален престапник и трговец со малолетни лица. Оваа објава опфаќа речиси три милиони страници материјали кои, под притисок на јавноста и законодавците, беа направени делумно јавно достапни.
Односот меѓу Доналд Трамп и Џефри Епстин долго време е предмет на интерес на медиумите, бидејќи двајцата интензивно се дружеле во текот на 1990-тите и раните 2000-ти години, а името на Трамп се појавува илјадници пати во таканаречените досиеа на Епстин.
Иако Трамп никогаш не бил обвинет за кривични дела поврзани со него, објавувањето на списите дополнително го засили вниманието кон неговите врски и поттикна прашања за тоа како властите и политичарите постапувале со овие материјали.
Свет
Заменичката на Калас: Европската Унија веќе е во војна со Русија
Европската Унија веќе е во состојба на конфликт со Русија, иако овој конфликт не вклучува директна воена мобилизација на граѓаните и испраќање војници на фронтот, според мислењето на високи функционери на нејзината дипломатска служба.
Како што изјави заменик-шефицата на дипломатската служба на Европската Унија, Белен Мартинез Карбонел, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, „факт е дека веќе сме во воена состојба со Русија“.
Сепак, таа нагласи дека овој „воен статус“, како што го гледа Брисел, засега не подразбира класичен вооружен конфликт во кој европските граѓани би биле мобилизирани и испратени на бојните полиња. Според неа, станува збор за поинаква форма на конфронтација што вклучува политички, економски и безбедносен притисок, но не и директни борбени операции на европските армии.
Изјавите од Брисел доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Русија и западните земји, првенствено поради конфликтот во Украина и санкциите што Европската Унија ги воведе врз Москва, според написите.
Од друга страна, анализираат медиумите, рускиот претседател Владимир Путин постојано ги отфрла тврдењата дека Москва планира напад врз Европа, нарекувајќи ги бесмислени. Тој истакна дека, според него, западните политичари ја создадоа сегашната криза и продолжуваат со нејзината ескалација со постојани предупредувања и изјави за наводни руски подготовки за војна со Европа.

