Свет
Околу 500 талибанци побегнале од затвор во Кандахар
Околу 500 затвореници, воглавно талибанци, побегнале ноќеска преку подземен тунел долг неколку стотини метри од затворот во Кандахар, соопшти директорот на овој затвор на југот на Авганистан.
„Тунел долг повеќе стотини метри бил прокопан од внатрешноста до јужниот излез на затворот, при што 476 ’политички затвореници’ побегнаа“, изјави генералот Дастагир Мајар.Властите за ’политички’ затвореници ги сметаат талибанските лидери што не се заробени на боиштето.Како што е соопштено од анонимни безбедносни извори, тунелот бил долг 300 метри.Портпаролот на талибанците Јусуф Ахмади ја потврди информацијата, додавајќи дека „затворениците ископале тунел долг 360 метри кон југ. Почнале да излегуваат во недела навечер и до утрово излегле 541 затвореник“.„Од нив 106 се политички затвореници, а остатокот се муџахедини. Се приклучија во нашите логори и немаше никаква борба“, додаде Ахмади.Пред три години група талибанци го зазема затворот во Кандахар и ослободи речиси 1.000 затвореници, меѓу кои половината талибани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

