Свет
WikiLeaks ги откри тајните на Гвантанамо
Невини луѓе кои се испрашувани со години заради ситни прекршоци, деца, старци и психички болни се наоѓаат помеѓу затворениците во најконтроверзниот американски затвор во Куба – Гвантанамо, откриваат новите 759 тајни документи откриени од WikiLeaks
Досиејата кои се објавени од Tje New York Time и во Guardian, откриваат дека меѓу таканаречените „лоши меѓу најлошите“, многу луѓе се сместени во кафезите на Гвантанамо и се држат со години врз основа на слаби обвиненија, или пак, врз база на изнудени признанија добиени со огромно физичко и психичко малтретирање.Документите, класифицирани како „топ сикрет“, ги покриваат скоро сите затвореници во кампот кој беше отворен во 2002 година во времето на владеењето на Џорџ Буш помладиот. Повеќе од две години откако претседателот Барак Обама нареди негово затворање, 172 затвореници сè уште престојуваат во Гвантанамо.Меѓу затворениците се наоѓаат и луѓе оценети како безопасни, како на пример 89-годишен авганистански сенилен селанец и 14-годишно момче кое било жртва на киднапирање. Старецот бил транспортиран на Куба за да го испрашуваат за „сомнителни телефонски броеви“ најдени кај него, додека 14-годишното момче било затворено во Гвантанамо заради „неговото можно познавање на талибанските локални лидери“.Документите откриваат дека на Гвантанамо шест години бил затворен и новинар на Ал-Џезеира, за да биде испрашуван за арапската новинска мрежа.Во досиејата се вели дека причините за неговото затварање биле „да обезбеди информации за тренинг програмите на Аl Jazeera новинските мрежи, телекомуникациската опрема и собирањето на вести и информации во Чеченија, Косово и Авганистан, како и за видео кое е прикажувано на мрежата од UBL (Осама бин Ладен) и интервју со UBL“.Досиејата за Гвантанамо се помеѓу стотиците илјади документи на САД, за кои војникот Бредли Менинг е затворен и обвинет за шпионажа и други 22 обвиненија, затоа што им ги предал на WikiLeaks пред повеќе од една година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

