Контакт

Свет

Продолжуваат судирите околу Преах Вихaр

Објавено пред

Силите на Тајланд и на Камбоџа и во вторникот продолжуваат со судирите на границата, со престрелка кај храмот Преах Вихaр, 150 километри источно од местото каде веќе четири дена има борби, соопшти тајландската армија. Ова е прв знак дека судирот може да се прошири и на другите подрачја.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на тајландската армија, Сансем Каевкамнерд, изјави дека двете страни во судирот користат ракети со краток дострел и автоматски пушки. Борбите се водат околу хиндуистичкиот храм кој потекнува од 12-от век.По судирите во февруари, беше воспоставено примирје меѓу двете страни, кој траеше до неодамна. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на новите судири. Во неделата Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, ги повика двете земји на примирје, предупредувајќи дека  граничниот спор не може да се реши со воени средства и дека еден пат до мирот е сериозен дијалог. Ки-Мун апелираше до двете страни максимално да се воздржуваат и итно да преземат мерки за прогласување примирје. Судрите, во кои од петокот загинаа 11 војници на двете страни, продолжи и изутринава западно од храмот Преах Вихар, додека локалното население масовно се евакуира од регионот. По судирите во февруари беше воспоставено примирје кое траеше сѐ до петокот. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на новите судири.Во февруари годинава судирот меѓу единиците на армиите на двете земји траеја четири дена и во нив имаше повеќе од десет загинати и ранети. Тензиите околу подрачјето во областа во којашто се наоѓа древниот будистички храм Преах Вихар траат повеќе десетина години. И двете земји тврдат дека полагаат право на древниот храм кој Меѓународниот суд на правдата во 1962 г. и4 го додели на Камбоџа.. Пред три години Преах Вихар беше ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО што предизвика одушевување во Камбоџа и бес во Тајланд.Покрај тоа, дополнителни проблеми предизвикува и фактот што неколку зони долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа не се разграничени, што ги поттикнува оспорувањата меѓу двата соседа како и честите оружени инциденти во кои и во периодот меѓу 2008 и 2009 г. имаше повеќе загинати и ранети.Чести се престрелките меѓу војските на Тајланд и Камбоџа во регионот каде се протега спорната границата, но досега стануваше збор за краткотрајни пррестрелки без жртви. Тие обично беа надминувани со лична средби на командантите на воените единици кои размениле оган.Во моментов, сепак, односите меѓу Тајланд и Камбоџа се мошне напнати. Територијалниот спор околу земјиштето на кое се наоѓа древниот храм Преа Вихеар (Пхра Вихран) кој е на списокот на светско културно и историско наследство на УНЕСКО, ги доведе двете царства на работ од војна.Во последните неколку седмици, и од двете страни на границата трупаат армиски сили, вклучувајќи и оклопни единици.Според аналитичарите, конфликтот кој се активира а потоа згаснува во текот на изминатите 50 години се јавува поради внатрешните политички проблеми на Тајланд. Во пресрет на општите избори што ќе се одржат во 2011 г,, тајландските националисти нагло ги зголемија активностите со нивните радикални говори и улични протести, барајќи „чистење на окупираните тајландски територии“ од камбоџанските војници и доселеници.Во моментов односите меѓу Тајланд и Камбоџа се многи тензични. Територијалниот спор околу земјиштето на кое се наоѓа древниот хинду храм Преах Вихеар или Пхра Вихран, кој е на листата на УНЕСКО на светското културно и историско наследство ги доведе двете земји кои по уредување се царства, на работ од војна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.

dobivaj vesti na viber

„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.

Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.

Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.

За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.

„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане

Објавено пред

Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.

Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.

Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.

Прикажи повеќе...

Свет

Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување

Објавено пред

Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.

Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.

„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.

Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија11 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија12 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ15 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија15 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет17 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет17 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет18 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион18 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет18 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...