Свет
Бројот на загинати во Сирија се искачи на 40
Бројот на убиените во нападот на сириските трупи врз градот Дераа на југот на земјата се искачи на 40, а десетици се ранети, јавува телевизијата Al Jazeera, повикувајќи се на сириски активисти
Силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, поддржани од тенкови и оклопни транспортери, влегоа во градот вчера и се позиционираа во центарот, при што се распоредени и снајпери на крововите на зградите. Претходната бројка на загинати во операцијата беше 25 луѓДераа, на границата со Јордан, е градот каде што започнаа масовните демонстрации против владата на ал-Асад на 18-ти март годинава, како одговор на апсењето на група ученици кои пишувале антивладини графити. Протестите потоа се проширија и на остатокот од земјата, а досега во судирите со силите за безбедност загинаа 350 луѓе. Демонстрантите главно бараат крај а законот за вонредна состојба, воведен во 1963 година, воведување на политички слободи и крај на енормната корупција. Според изјави на сведоци, војската исто така го заземала и предградието на престолнината Дамаск, Дума, при било пукано во невооружени цивили и биле уапсен голем број на луѓе.Претседателот на Сирија Башар ал-Асад владее со земјата од 2000-та година, кога функцијата ја наследи од својот татко, кој, пак, владееше од 1967 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

