Свет
Фатах и Хамас се договорија за преодна влада
Движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговиот жесток опонент исламистичкото движење Хамас денеска постигнаа договор со кој ќе формираат преодна влада на националното единство и ќе договорат датум за општи избори, потврдија двете страни.
Движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговиот жесток опонент исламистичкото движење Хамас денеска постигнаа договор со кој ќе формираат преодна влада на националното единство и ќе договорат датум за општи избори, потврдија двете страни.Повеќе палестински фунцкионери и светски државници се изненадени од овој потег, затоа што Фатах и Хамас се длабоко поделени околу решавањето на повеќегенерацискиот судир со Израел. Договорот е постигнат во Египет, а е резултат на серија тајни состаноци. „Двете страни го потпишаа договорот. Сите точки на несогласување се надминати,“, изјави Тахер ал-Ноно, портпарол на владата на Хамас во Газа додавајќи дека Каиро наскоро ќе ги повика двете страни на свечено потпишување на договорот. За договорот прва соопшти египетската разузнавачка служба, со чиешто посредување и се овозможи постигнувањето на договорот, пренесува Reuters.Во соопштението што го пренесе египетската новинска агенција Mena, разузнавачката служба на Египет соопшти дека договорот е резултат на залагањата на претставништвото на Хамас кое го води Муса Абу Марзук и лидерот на Централниoт одбор на Фатах, Азам ал-Ахмад.„Консултациите резултираа со целосно разбирање во врска со сите точки од расправата, па и за преодниот договор во кој би се содржале специфични задачи и би го одредил датумот на изборите“, се наведува во соопштението.Според соопштението, договорот на Египет би му овозможил да ги повика сите палестински фракции идните неколку денови во Каиро да потпишат договор за национално помирување. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше на информациите од Египет и изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас не може да се надева на мировен договор со Израел доколку се впушти во договор за измирување со исламистичкото движење Хамас.„Палестинската управа мора да избере дали сака мир со Израел или мир со Хамас. Нема можност за мир со двете страни“, рече Нетанјаху. Следниот месец Нетанјаху ќе се обрати на заедничка седница на американскиот Конгрес во Вашингтон и притоа ќе го претстави својот план за продолжување на замрзнатите преговори со палестинската самоуправа на Абас којашто го контролира окупираниот Западен брег. Преговорите започнаа во септември минатата година со цел во рок од една година да доведат до договор, но набрзо беа закочени бидејќи Нетанјаху одби да го продолжи рокот во кој делумно би го замрзнал еврејското населување на Западниот брег./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

