Свет
Амр Муса: да се поништи мировниот договор со Израел
Генералниот секретар на Арапската лига и претседателски кандидат во Египет, Амр Муса, изјави дека ќе се залага за поништување на мировниот договор склучен со Израел во Камп Дејвид во 1979 г
Мировниот договор, кој пред 32 години го потпишаа тогашните лидери на Египет и на Израел, Анвар Садат и Менахем Бегин, е „неуспех“.Во говорот во рамките на неговата предизборната кампања на југот на Египет, Муса го повика Израел да престане со изградбата во Западниот брег и да ја признае палестинската држава на целата територија која што која окупираше Израел во војната во 1967 година, вклучувајќи го и Појасот Газа. Во меѓувреме, уште еден претседателски кандидат, судијата Хешам Бастависи, порача дека договорот од Кемп Дејвид треба да биде преосмислен. Анкетите на јавното мислење во Египет покажуваат дека повеќе од половина Египќани сакаат мировниот договор да биде поништен. Според договорот до Кемп Дејвид, Израел се повлече од Синајскиот полуостров, кој го имаше окупирано во 1967 година. За возврат, Египет се согласи да ја демилитаризира таа област. Овој договор беше прво признавање на независноста на Израел од страна на една голема арапска држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

