Свет
Нов напад врз маринци во Пакистан, петмина загинаа
Пет луѓе загинаа утринава во најновиот напад, трет во последните два дена, врз офицери на пакистанската морнарица во Карачи. Четворица од загинатите се маринци, а според официјални лица во нападот биле ранети 15 луѓе.
Пет луѓе загинаа утринава во најновиот напад, трет во последните два дена, врз офицери на пакистанската морнарица во Карачи. Четворица од загинатите се маринци, а според официјални лица во нападот биле ранети 15 луѓе. Два слични напади, со бомби активирани при помунување на автобуси кои превезуваа маринци, се случија во вторникот, во нив загинаа четири лица, а 16 беа ранети. За нападот се уште никој не ја презел одговорноста. Карачи е позната арена на политичко-мафијашки пресметки, но досега никогаш не биле нападнати силите за безбедност. Нападите врз безбедносните сили досега најчесто ги извршувале талбанските бунтовници, кои во неброени напади ширум земјата, во последните четири години усмртија 4.200 луѓе. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

