Свет
Најмалку 297 лица загинаа во торнадата во САД
Според последните податоци во серијата торнада кои ги зафатија јужните држави на САД загинаа 297 лица од кои две третини се од Алабама.
Според последните податоци во серијата торнада кои ги зафатија јужните држави на САД загинаа 297 лица од кои две третини се од Алабама.
Се работи за најсмртоносни бура кои ги погодија Соединетите Американски Држави во последните четири децении, кои срамнија цели градски населби.
Гувернерот на Алабама, Роберт Бентли изјави дека само во оваа сојузна држава загинаа 210 лица, а во градот Тускалуза каде повредени се 600 лица.
Во Мисисипи и Тенеси загинаа 33 лица, а во Џорџија 15 и пет во Вирџинија.
Според податоците на метеоролозите, торнадата кои удрија во шест американски држави биле неколку пати посилни од вообичаените торнада.
Претседателот на САД, Барак Обама синоќа потпиша декларација со која Алабама е прогласена за подрачје погодено од катастрофа. /крај/бета/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

